Përshkrimi I programës
Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетемции кои ќе му овозможат работно оспособување за занимањето Фризер, за вештините на обликување и боење на женската коса.
Времетраењето на програмата е 240 часа во кои се застапени теоретски предавања и практични вежби. По завршување на секоја тематска единица учесниците ќе имаат дел и за оценување на нивното стекнато знаење. Материјата ќе се соовлада преку четири (4) тематски единици:
- Прием на клиенти во салон, организирање на работата во салонот и одржување на работниот алат и опрема
- Боење и белеење на коса
- Кадрење и ондулација на коса
- Изработка на свечени фризури
Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат „Фризер за жени – обликување и боење на коса“
Теоретската и практичната обука ќе се реализира во фризерски салон, во простории опремени со соодветни фризерски алати и опрема. Реализацијата на обуката преку практични вежби, ќе се одвива преку реални вежби, обработка на секојдневни фризерски работи и соработувајќи со останатите вработени и клиенти со кои ќе разменува информации важни за ефикасно извршување на работата.
Вреднувањето на постигнувањата на учесникот се спроведува по завршувањето на реализацијата на теоретскиот дел преку проверка на знаење, а по завршување на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се дефинираат и стекнат вештини и компетенции.
По завршувањето на програмата учесникот полага завршен испит и се стекнува со сертификат „Фризер за жени – обликување и боење на коса”.
Rezultatet e programës
- врши прием на клиенти и да ја организира работата во салонот
- одржува опрема и фризерски алати
- проверува состојба на косата
- применува техники на боење, нијансирање и белеење на косата
- врши тонирање на бојата на косата и корегирање на нијансата на бојата
- врши извиткување на косата со помош на различни алати и техники
Kriteret për hyrje në programë
Kohëzgjatja e programës
Kohëzgjatja e programës | Numri I përgjithshëm I orëve | Treguar në përqindje |
---|---|---|
Teori | 48 | 20 |
Praktikë | 169 | 70 |
Vlerësim | 23 | 10 |
Numri I përgjithshëm I orëve | 240 |