Опис на програма
На студентите на ова ниво им требаат свежи предизвици што ќе им помогнат да сфатат колку знаат и да го претворат своето пасивно знаење во активно заедно со постојано воведување на нови информации за јазикот. За да го зборуваат англискиот јазик со доверба на слушателите им се потребни: граматика, вокабулар и изговор. На овие три елементи им се дава подеднакво значење во горенаведената книга. Темите и вокабуларот се прилагодени на оваа возрасна група слушатели. Целите на курсот се остваруваат преку застапеност на сите јазични вештини.
1. Зборување – застапаени се теми што поттикнуваат интерес и задачи што ги тераат слушателите да ги употребуваат новостекнатите јазични содржини. Секоја лекција има активности за зборување што ги активираат граматиката, вокабуларот и изговорот. Задачите им даваат на слушателите чувство на напредок и покажуваат пораст на бројот на ситуации во кои тие можат ефективно да комуницираат. Има активности со информациски празнини за да се поттикне комуникација. Активностите се за работа во парови, групи, а има и игри каде се користи стекнатиот вокабулар.
2. Слушање – застапени се задачи за слушање кои напредно гледано се поголем предизвик во смисла на брзина, должина и тежина на јазикот, но се на ниво што може да се совлада. Има задачи за слушање каде се вежба слушање за главна идеја и за детали. Опфатени се и песни што за слушателите е уживање и мотивација.
3.Читање – слушателите се поттикнуваат да ја развијат вештината читање со тоа што се обработуваат интересни теми и текстовите поттикнуваат активност. Текстовите за читање во горенаведената книга се адаптирани од различни вистински извори (британскиот печат, списанија, нови веб страници). Со читањето како јазична вештина слушателите го збогатуваат вокабуларот и го зацврстуваат стекнатото знаење од граматиката.
4. Пишување – зголемената примена на интернет и постоењето на Е-mail комуникацијата значи дека луѓето ширум светот пишуваат на англиски јазик повеќе од кога и да е и за деловна и за лична комуникација. Во секој дел од книгата има лекција за пишување со даден пример според кој потоа слушателите треба да напишат нешто.
5. Граматика – во шестиот степен се обезбедува стимулативно повторување на јазичнте содржини што слушателите треба веќе да ги знааат и интересни ситуации за новите јазични содржини.
Во шестиот степен (6-10 лекција) се учи за пасив во сите времиња, модални глаголи: might, can’t, must, 3-те видови условни реченици, индиректен говор во потврдни реченици и прашања, односни реченици ( дефинирачки и недефинирачки), question tags.
Вокабулар – фокусоот е на зборови што често се употребуваат и на чести лексички области во реални рамки.
Во шестиот степен се учат зборови поврзани со кино, зборови за човечкото тело, зборови за образование и куќи, пазарење, формирање именки од глаголи, формирање придавки и прилози, зборови за работа, за електронски направи, за криминал, сложени именки.
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 29 | 83 |
Пракса | 1 | 3 |
Оценување | 5 | 14 |
Вкупен број на часови | 35 |