Опис на програма
English File Intermediate (units 1-5)
Средното (Intermediate) ниво е пресвртница за студентите: во овој момент многу студенти навистина почнуваат да “полетуваат” во поглед на нивната способност да комуницираат. На студентите на ова ниво им требаат свежи предизвици што ќе им помогнат да сфатат колку знаат и да го претворат своето пасивно знаење во активно заедно со постојано воведување на нови информации за јазикот. За да го зборуваат англискиот јазик со доверба на слушателите им се потребни: граматика, вокабулар и изговор. На овие три елементи им се дава подеднакво значење во горенаведената книга. Темите и вокабуларот се прилагодени на оваа возрасна група слушатели. Целите на курсот се остваруваат преку застапеност на сите јазични вештини.
1. Зборување – застапаени се теми што поттикнуваат интерес и задачи што ги тераат слушателите да ги употребуваат новостекнатите јазични содржини. Секоја лекција има активности за зборување што ги активираат граматиката, вокабуларот и изговорот. Задачите им даваат на слушателите чувство на напредок и покажуваат пораст на бројот на ситуации во кои тие можат ефективно да комуницираат. Има активности со информациски празнини за да се поттикне комуникација. Активностите се за работа во парови, групи, а има и игри каде се користи стекнатиот вокабулар.
2. Слушање – застапени се задачи за слушање кои напредно гледано се поголем предизвик во смисла на брзина, должина и тежина на јазикот, но се на ниво што може да се совлада. Има задачи за слушање каде се вежба слушање за главна идеја и за детали. Опфатени се и песни што за слушателите е уживање и мотивација.
3.Читање – слушателите се поттикнуваат да ја развијат вештината читање со тоа што се обработуваат интересни теми и текстовите поттикнуваат активност. Текстовите за читање во горенаведената книга се адаптирани од различни вистински извори (британскиот печат, списанија, нови веб страници). Со читањето како јазична вештина слушателите го збогатуваат вокабуларот и го зацврстуваат стекнатото знаење од граматиката.
4. Пишување – зголемената примена на интернет и постоењето на Е-mail комуникацијата значи дека луѓето ширум светот пишуваат на англиски јазик повеќе од кога и да е и за деловна и за лична комуникација. Во секој дел од книгата има лекција за пишување со даден пример според кој потоа слушателите треба да напишат нешто.
5. Граматика – во петиот степен се обезбедува стимулативно повторување на јазичнте содржини што слушателите треба веќе да ги знааат и интересни ситуации за новите јазични содржини.
Во петиот степен (1-5 лекција) се прави споредба меѓу Present Simple и Present Continuous Tense, се прави осврт на формите за идно време, се споредува Present Perfect Tense со Past Simple Tense, се посветува поголемо внимание на употребата на Present Perfect Tense со for, i, since, се учи Present Perfect Continuous, степенување на придавки и прилози, модални глаголи: can, could, be able to, must, have to, should, преглед на минатите времиња (Past Simple, Continuous, Perfect)
Вокабулар – фокусоот е на зборови што често се употребуваат и на чести лексички области во реални рамки.
Во петиот степен (1-5 лекција) слушателите усвојуваат зборови за храна и готвење, зборови за членови на семејство, придавки за опис на личност, зборови за транспорт, колокации со глаголи, придавки и предлози, фрази што се користат за телефонски разговори, зборови за спорт и врски.
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 29 | 83 |
Пракса | 1 | 3 |
Оценување | 5 | 14 |
Вкупен број на часови | 35 |