Опис на програма

Знаеме дека богатото наследство од разновидни јазици и култури во Европа е скапоцен заед- нички ресурс што треба да се заштитува и да се развива, и дека само преку подобро знаење на странските јазици ќе биде можно да се олесни комуникацијата и интеракцијата. Затоа “Друштво за странски јазици и услуги Флуент Ќ.К.Т” е ангажирана со професионален кадар, со техничките помагала кои се на располагање: лап-топ, интернет, ТВ, проектор, и со стандардизиран методолошки пристап во учење и напредување на јазичните вештини. Учењето јазик, се состои од дејствата што ги извршуваат лица кои, како поединци и како општествени чинители, развиваат цел опсег на општи компетенции и конкретно, цел опсег на комуникациски јазични компетенции.

Како главна цел на ова програма е да се обезбеди можност за унапредување на јазичните и комуникациските вештини со интерактивен пристап, имајќи предвид дека Англискиот јазик станува еден од условите за конкурентноста на пазарот на труд.
Програмата ке биде поделена на модули, соответно на степенот на подготовка на учесниците, според Заедничката европска референтна рамка за јазици (CEFR), како што се:
А1 (подготвително рамниште), – може да води едноставен разговор, да одговара на едноставни прашања во врска со него, за тоа каде живее, за луѓето што ги познава и нештата што ги има, секојдневни активноски и сл,
А2 (основно рамниште), – може да пречека луѓе, да прашува и да реагира на нови вести; да размени кратки реченици; слободно време; да поканува и да одговара на покани;да дискутира; да нуди и да прифаќа понуди.
B1 (преодно рамниште), – може да следи главните мисли на една проширена дискусија, говороте јасно артикулиран , стандарден јазик; лични ставови и мислења, одржува разговор или дискусија, трговија и пазар, патувања и сл.

B2 (самостојно рамниште), -може да развие дискусија; може да го објасни своето гледиште за актуелно прашање; може да поврзе неколку аргументи во логична низа; може да објасни проблем и да стави до знаење дека неговиот соговорник во некои преговори мора да направи отстапка;може активно да се вклучи во неформална расправа во познат контекст C1 (напредно рамниште) – може да се изразува течно и спонтано, речиси без никаков напор; добро владее со богат лексички репертоар, што му овозможува евентуалните празнини вешто да ги заобиколи со преформулирање; деловна комуникација; патувања; и C2 (врвно рамниште) – може прецизно да пренесе разни нијанси на значења, користејќи, со прифатлива точност, широк распон на изрази со кои може поблиску да ги одреди своите изјави; може толку мазно да го преструктурира исказот за да заобиколи некоја тешкотија така што соговорникот едвај да може да забележи

На секој модул постепено ке биде пренесена и граматичката содржина, исто така предвидено е и развивање на јазичните вештини како: читање, пишување, говорење и слушање. Часовите ќе се одржуваат два пати неделно по 120 мин, вкупно 130 часа за еден модул во период од 8 месеци, поделено на два семестри по 4 месеци или 780 часа за целата програма.

За да се определи точното ниво на познавање на англискиот јазик за секој учесник, од страна на обучувачите ќе биде спроведено усмен и писмен тест. Откако ќе се одреди степенот на владеење на англискиот јазик, учесниците ќе бидат ставени во групи од 8-12 возрасни лица.

Учесниците кои ја следаат целосната програма или само одреден модул, на крај од обуката ќе се стекнат со Сертификат со наведен стекнат степен на познавање на англискиот јазик според Заедничката европска референтна рамка за јазици (CEFR), признат од надлежните институции и конкурентен на пазарот на трудот по веќе утврден стандард.

Резултати од програма

Резултатите на програмата произлегуваат од целите на програмата и по завршување на модул или програмата учесникот ќе биде способен да:   А1. По завршување на овој модул ушесникот ке може да разбере и да користи познати секојдневни изрази и најосновни фрази во врска со задоволување на потреби од конкретен тип. Може да се претстави себеси и другите и може да поставува и да одговара на прашања околу лични детали од типот каде живее, кои луѓе ги познава и нештата што ги има. Може да води едноставен разговор под услов соговорникот да зборува бавно и јасно и да е подготвен да помогне.   А2. По завршување на овој модул ушесникот ке може да разбере реченици и често употребувани изрази сврзани со области од најнепосредна важност (на пример, најосновни лични и семејни информации, информации сврзани со купување, локална географија, вработување). Може да комуницира во едноставни и рутински задачи за кои е потребна едноставна и директна размена на информации за познати и рутински работи. Може  со прости зборови да опише аспекти на своето образование, да ја опише непосредната околина  и нешта во области сврзани со непосредни потреби   Б1. По завршување на овој модул ушесникот ке може да ги разбере главните поенти на јасен, стандарден разговор за познати нешта со кои редовно се среќава на работното место, во училиштето, во слободното време итн. Може да оформи едноставен поврзан текст на познати теми или на теми од личен интерес. Може да опише искуства и настани, соништа, надежи и амбиции и накусо да ги образложи и објасни своите гледишта и планови.   Б2. По завршување на овој модул ушесникот ке може  да ги разбере главните идеи на сложен  текст и на конкретни, и на апстрактни теми, вклучувајќи и технички дискусии од сопственото поле на специјализација. Може да комуницира доволно течно и спонтано, што овозможува нормална интеракција со родени говорители без напор од која било страна. Може да оформи јасен, детален текст од широк опсег на теми и да објасни гледиште за некое тематско прашање со изложување на предностите и недостатоците на различните опции.   Ц1. По завршување на овој модул ушесникот ке може да разбере широк опсег  на  сложени, подолги текстови и да препознае имплицитно значење. Може да се изрази течно и спонтано без многу очигледно барање на соодветни изрази. Може да го користи јазикот флексибилно и ефективно за општествени, академски и професионални цели. Може да оформи јасен, добро структуриран, детален текст на сложени теми, покажувајќи контролирана употреба на организациони модели, конектори и кохезивни средства   Ц2. По завршување на овој модул  ушесникот ке  може без проблеми да разбере практично сè што ќе чуе или ќе прочита. Може да сумира информации од различни говорни или пишани извори, пренесувајќи ги аргументите и фактите низ јасна и поврзана презентација. Може да се изрази спонтано, многу течно и прецизно, разликувајќи ги пофините нијанси на значењето дури и во посложени ситуации.

Критериуми за влез во програмата

Според закон за образование на возрасните, член 27 “Учесник во програмите за образование на возрасните може да биде лице кое има навршено 15 години”. Од страна на квалификувани професори се врши тестирање на лексичките и граматичките знаења, додека пак со интервјуто, се определува точното ниво на познавање на англискиот јазик на кандидатот според Заедничката европска референтна рамка за јазици (CEFR).

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 42 30
Пракса 84 60
Оценување 4 10
Вкупен број на часови 130
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support