Опис на програма

Главна цел : Целите на програмата се канидатите да стекнат знаења и вeштини од областа на кулинарството: запознавање со опремата на кујната, нејзиното одржување и намена, одржување лична хигиена на кујната и начини и методи на дезинфекција, препознавање на најчестите видови месо користени во угостителските објекти во Македонија, нивна класификација, подготовка и примена во готварството, познавање на најчесто употребувани зачини нивната намена на користење во готварстовото, познавање на најчести растителни производи, нивно значење на здрава човечка исхрана , нивно подготовка и примена во кулинарството, познавање на начинот на составување листи на јадења и менија во угостителските објекти, основни знаења од главни нормативни акти и неопходна стручна терминологија, разликување на најчесто служените риби, познавање на начините на нивното приготвување,употреба на најчесто користени рибни производи, подготвувања на најчесто служени ладни и топли јадења, сосови , супи чорби и потажи ,приготвување на најчесто служени десерти.
Програмата е наменета за работноспособни лица за завршено минимум основно образование,не помлади од 17 години, кои сакаат да се појават или веќе се на пазарот на труд, со афинитети на кулинарството. Бројот на една група кандидати зависи од просторните можности, но се препорачува да не изнесува повеќе од 12 учесници. Можни се повеќе групи,имајќи во предвид дека е можна реализација на програмата на повеќе работни смени во текот на денот.
Програмата содржи вкупно 205 часа од кои 65 теорија , 140 пракса. Теоријата и писмените проверки и знаења ке се реализираат во Приватната образовна установа- Отворен граѓански универзитет ‘’ Ванчо Прќе ‘’ Штип додека практичниот дел ке се спровдува во угостителски објекти, со кој установата вклучува договор за соработка.
Програмата ке биде организирана во 8 модули и по секој модул ке се врши проверка на стекнатите знаења и вештини преку писмен тест и практична демонстрација. По завршувањето на програмата ке биде спорведен финален испит ( тест и демонстрација)пред тричлена комисија, по чие успешно полагање се издава сертификат. Нa крајот од програмата учесниците ке бидат способни да ја користат и одржуваат опремата во кујната, да вршат лична хигиена на работното место, да препознаваат најчести видови меса користени во угостителските објекти во Македонија, да го препознават нивниот квалитет , да умеат да ги приготват , да ги познаваат најчесто користените зачини во угостителските објекти и да ги применат во кулинарството, да ги препознават најчестите растителни производи нивното значење на здрава човечка исхрана, нивна подготовна и примена во кулинарството да го знаат начинот на составување на листи на јадења во менијата во угостителските објект да ги познават главните нормативни акти и неоходна стручна терминологија да ги разликуваат најчесто служените риби, да ги препознаваат начините на нивното приготвување, да ги познаваат најчесто рибните производи , да ги приготвуваат најчесто служените ладни и топли предјадења и главни јадења сосови, супи чорби , потажи. Во наставата ке бидат примени следните методи: предавања , дискусии во група, набљудување , истржување/откривање, учење насочено кон решавање на проблеми, практична настава во угостителски објект . Програмата ке биде реализирана ов ВКВ готвач.
Програмата ке биде подложна на внатрешна евалуација. Ке бидат спроведнени две анкети: една на почетокот една на крајот на програмата. Анкетите ке бидат спроведени во формаа на писмени прашалници кои кои ке бидат сместени и онлајн, а на крајот ке биде изготвен и финален извештај од резултатите на анкетите. За цели на евалуација ке биде ангажирана канцеларија/агенција со искуство за изготвување на алатки за внатрешна евалуација.

Резултати од програма

Критериуми за влез во програмата

Учесниците да имаат завршено минимум основно или средно , образование и да се постари од 17 години . Учесниците во програмата не е потребно да поседуваат претходни знаења, вештини и компетенции од оваа област

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 65 30
Пракса 140 70
Оценување
No instructions found !
No instructions found !
Вкупен број на часови 205
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support