Опис на програма

Обуката сметководствен службеник во јавен сектор®,односно сметководство на буџетските корисници ги опфаќа најрелевантните теми на подрачјето на сметководственото практично работење и даночното законодавство. Имено, обуката ќе се одвива врз база на серија практични предавања, задачи од праксата во јавни институции кај нас, како и учество на учесниците во практична работа (во кабинет за сметководтво) со помош на софтвер за сметководствено работење врз реални организации и јавни институции од Р.Македонија. Понатаму, ќе се направи проценка на здобиеното знаење на учесниците, преку анализа на финансиски извештаи во конкретна јавна институција земена од праксата. Во контекст на тоа, учесникт ќе ги демонстрира стекнатите вештини и разбирањето за сметководство во јавниот сектор.
<

Резултати од програма

Кандидатот:
  • да се запознае со основите на финансиските извештаи во јавниот сектор
  • да ги запознае законсите прописи по кои се води сметководство кај буџетски корисници
  • да го разбере сметководственото евидентирање на средства и извори на средства кај буџеските корисници
  • да се запознае со практични примери за евидентирање на средствата и изворите на средства
  • да знае да пресмета амортизација и ревалоризација на долгорочните средства
  • да го согледа сметководственото евидентирање на приходите и расходите кај буџетските корисници
  • да се подготви со практични примери пред составувањето на завршната сметка
  • да знае да го утврди резултатот од работењето кај буџетските корисници

Критериуми за влез во програмата

Секој учесник при аплицирањето за еден од модулите ќе потполни прашалник за самооценка на нивото на знаење поврзано со темите на програмата за кое се пријавува. Ќе  има најмалку средно  образование.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 40 32
Пракса 80 65
Оценување 4 3
Вкупен број на часови 124
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support