Опис на програма
Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетемции кои ќе му овозможат работно оспособување за занимањето Фризер, за вештините на негување, обликување и потстрижување на женската коса.
Времетраењето на програмата е 240 часа во кои се застапени теоретски предавања и практични вежби. По завршување на секоја тематска единица учесниците ќе имаат дел и за оценување на нивното стекнато знаење. Материјата ќе се соовлада преку четири (4) тематски единици:
- Прием на клиенти во салон, организирање на работата во салонот и одржување на работниот алат и опрема
- Миење, негување и третмани на коса и скалп
- Сушење обликување и фенирање на коса
- Потстрижување на коса
Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат „Фризер за жени – негување и потстрижување на коса“
Теоретската и практичната обука ќе се реализира во фризерски салон, во простории опремени со соодветни фризерски алати и опрема. Реализацијата на обуката преку практични вежби, ќе се одвива преку реални вежби, обработка на секојдневни фризерски работи и соработувајќи со останатите вработени и клиенти со кои ќе разменува информации важни за ефикасно извршување на работата.
Вреднувањето на постигнувањата на учесникот се спроведува по завршувањето на реализацијата на теоретскиот дел преку проверка на знаење, а по завршување на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се дефинираат и стекнат вештини и компетенции.
По завршувањето на програмата учесникот полага завршен испит и се стекнува со сертификат „Фризер за жени – негување и потстрижување на коса”.
Резултати од програма
- врши прием на клиенти и ја организира работата во салонот
- го проверува квалитетот на косата и ја констатира состојбата на истата
- применува техники на миење и негување на косата и скалпот
- извршува масажа на скалпот
- применува техники на сушење, обликување и фенирање на влажна и сува коса
- применува техники на потстрижување на женската коса
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 49 | 20 |
Пракса | 166 | 70 |
Оценување | 25 | 10 |
Вкупен број на часови | 240 |