Опис на програма

Основна цел на програмата е да се оспособат лица над 15 годишна возраст да изведуваат конфекциски услуги, односно да шијат. Програмата е предвидена за сите кои имаат желба да се занимаваат со ова занимање на професионален начин односно сакаат да се појават или веќе се на пазарот на труд со афинитети кон моделарството. Истата овозможува работно оспособување за изведување на конфекциски услуги, односно шиење на основни модели на здолниште, панталони, блуза и постелнина. По успешното завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да ја подготвува и ја организира сопствената работа, да комуницира со клиенти и соработници, да шие основен модел здолниште, панталони блуза и постелнина. Теоретската настава и писмените проверки на знаења ќе се реализираат во училница, додека практичниот дел и практичните проверки на знаења ќе се спроведуваат во конфекциски работилници.
Програмата е со времетраење од 260 часа и опфаќа 46 часа стручно теоретски содржини кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак се изведува во конфекциски работилници со претходно склучен договор за соработка и опфаќа 186 часа. 28 часа се предвидени за оценување и проценка на стекнатите компетенции.
Програмата ќе биде реализирана преку 9 тематски целини. По секоја тематска целина и тековно ќе се врши проверка на стекнатите знаења и вештини преку писмен тест и практична демонстрација. По завршувањето на програмата ќе биде спроведен завршен испит пред тричлена комисија, по чие успешно полагање се издава сертификат за работно оспособување за занимањето Шивач на основени конфекциски модели и постелнина.
Во текот на реализација на програмата ќе се води портфолио за секој кандидат со цел следење на напредокот на кандидатите. Стекнувањето на теоретска основа и позитивна оценка ќе биде предуслов за започнување на реализацијата на практичниот дел од обуката.
Програмата ќе биде реализирана од страна на наставници со завршени студии по

-конфекциско инжењерство
-текстилно инжињерство
-дизајн и инжинеринг на облека
-технолог-текстилна насока
Моден дизајн и/или мајстор шивач со работно искуство за реализација на практична настава.

Резултати од програма

По успешно завршување на програмата учесникот ќе биде оспособен да: • Класифицира основен и помошен конфекциски материјал • Применува техники на машинско и рачно шиење • Шие основни модели на пантолони, здолниште и блуза • Шие постелнина • Применува техники на пеглање • Моделира елементи (брусни, украсна околувратна лајсна, појас, џебови, ракави и сл), • Одржува оптималната исправност на машините и опремата • Пополнува техничко-технолошка документација и води евиденција • Работи во согласност со стандардите и нормативите за квалитет на работата • Работи согласно прописите за заштита на работната околина и животната средина • Професионално комуницира со соработниците и договара со клиентите • Работи почитувајќи ги правата и обврските на работен однос • Води сопствен бизнис

Критериуми за влез во програмата

Завршено најмалку основно образование, над 15 годишна возраст

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 46 20
Пракса 186 70
Оценување 28 10
Вкупен број на часови 260
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support