Опис на програма

Вештини за управување и развој на човечки ресурси e комплексен процес, тесно испреплетен со други аспекти во бизнисот и е стратешки партнер во придонесот за реализација на поставените цели. Модулите овозможуваат учесниците да стекнат знаење и покажат разбирање за разновидните активности и функции на менаџментот на човечки ресурси,  да се планира потребниот број и структура на вработените, да се анализираат и обликуваат работите и работните места, да се придобијат, соодветно избираат и распоредат вработените, како и умешност во развивање на потенцијалите на секој вработен. Менаџерите на човекови ресурси потребно е да знаат зошто мотивацијата во работата е важна и како се стимулира, зошто е важна организациската култура и нејзиното постојано унапредување и како се распоредува моќта во организацијата, зошто постојат и како треба да се организираат политичките процеси во неа.

Што вклучува програмата? Постои потреба да се подобрат постојните (или да се вметнат ако не постојат) принципи кај менаџерите за човекови ресурси. Токму програмата ги нуди и имплементира следните принципи: поедноставување на процесот на вработување, подобро структурирани интервјуа, воведување на систем за управување, менторски систем, развој и задржување на талент, воведување на подобри придобивки (подоцнежни можности за прилагодување -направени придобивки), воведување на процес на награда и признавање и слично. Сегментот People & Culture, кој е виклучен во програмата, кој е исклучително важен дел од компанијата во нејзината желба да се доближи до идејата за идеална компанија за профилот на кандидатот што и е потребен за подобрување на бизнисот.

Структура на програмата

Програма ќе се изведува преку 13 Модули. Модул 1:  Менаџмент на човекови ресурси; Модул 2:  Психолошка проценка во управувањето со човечки ресурси: неускладеност помеѓу вработените и работното место; Модул 3: Ментална хигиена во работни организации; Модул 4:  Коорпоративен и системски „коучинг“; Модул 5: Управување со човекови ресурси врз база на компетиции во организација; Модул 6:  HR Konsalting; Модул 7: Индивидуален, групен и тимски коучинг; Модул 8:  Едуардо бизнис симулација; Модул 9: Убедувачки говор (HR реторика на убедување); Модул 10:  Стратешки развој на вработените – развој на професионална кариера; Модул 11: Employer Branding; Модул 12:  Развој и репутација на HR; Модул 13: Shared Service центри

Форми и методи на учење и подучување, оценување,

Настава во училница/кабинет, Практична настава, Електронско учење, настава на далечина (со оглед на студиското патување во дел од модулите ќе се одвиваат преку електронско вклучување на наставниот кадар)

Наставата ќе се изведува преку следните методи на настава: предавања, дискусии во група, набљудување, учење преку симулации, учење насочено кон решавање на проблеми, посети

време на реализација и норматив за наставен кадар кој ќе учествува во реализација, Наставниот кадар на „Вештини за управување и развој на човечки ресурси“, може да бидат лица (професори, практичари, МЧР) кои завршиле: економија, Психометричари, организациски психолози и психолози на менаџирање со човекови ресурси (дел од модулите), комуниколози – (дел од модулите) Менџери со човекови ресурси ниво на квалификации VI A според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен

времетраење на програмата, Програма ќе се изведува преку 13 Модули со вкупно времетраење од 150 часта: од кои теорија со вкупно 50 часа, практична настава 100 часа.

место на реализација: Училница/кабинет, простории со опрема за реализацијана теоретска и практична настава.

завршен испит

сертификација

По завршувањето на 13-те модули следи издавање на Цертификат за завршена програма.

можности за проодност

Резултати од програма

Критериуми за влез во програмата

Критериумите за упис на учесникот во програмата се тесно поврзани со потенцијалните учесници во програмата. Oд критериумите за упис може да се наведат следните:
  • Да се државјани на РМС
  • Да имаат завршено минимум четиригодишно средно образование
  • Да поседуваат искуство со менаџирање со чевокови ресурси или да покажуваат интерес за менаџирање со човекови ресурси.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 50 86400
Пракса 100
No instructions found !
Оценување
No instructions found !
No instructions found !
Вкупен број на часови 150
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support