(Mk) Директорката на ЈУ Центар за образование на возрасните потпиша меморандум за соработка со директорот на Здружение на граѓани за социјален и економски развој ИН ВИВО.

Sorry, the content of this page is available only in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Директорката на ЈУ Центар за образование на возрасните г-ѓа Аделина Алији на ден 22.03.2022 година потпиша меморандум за соработка со директорот на Здружение на граѓани за социјален и економски развој ИН ВИВО Скопје г-дин Дејан Стојановиќ. Предмет на овој Меморандум е воспоставување и организирање на меѓусебна професионална и академска и соработка помеѓу двете страни.

Соработката помеѓу двете страни ќе се реализира со заедничка организација и учество во проекти од следните области:

–       развој и претставување на програми за соодветно неформално образование, кои би биле соодветно прилагодени кон потребите на пазарот на труд,

–       одржлива (ре)социјализација на маргинализираните и социјално ранливите групи граѓани,

–       афирмација на Република Северна Македонија како потенцијална туристичка и бизнис дестинација.

–       организација и учество на конференции, семинари, советувања, работилници и други професионални и академски средби;

–          размена на искуства во организирање на едукативнa и научна работа;

–          размена на техничка и научна литература;

други области од заеднички интерес

Tuesday March 22nd, 2022
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support