ЈАВЕН ОГЛАС до верификувани спроведувачи на обука

 РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

 Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2020 година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија за мерката 3.3 Обуки за побарувани занимања, ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје, на ден 28.02.2020 година распишува

ЈАВЕН ОГЛАС

до верификувани спроведувачи на обука

ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува јавен оглас за избор на верификувани спроведувачи на обука за образование на возрасни за реализација на мерката 3.3 Обука за побарувани занимања, во рамки на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2020 година. На Јавниот оглас може да се пријават верификувани спроведувачи на обуки кои ќе ги реализираат следниве програми по градови:

1.Шивач – Штип, Тетово

2.Келнер послужувач – Струмица, Скопје

3.Готвач – Скопје, Тетово, Велес

4.Пекар-Скопје, Битола, Тетово, Прилеп

5.Собар/ка – Скопје

6.Слаткар – Тетово, Гостивар, Битола, Скопје

7.Бариста – Скопје

8.Рецепционер – Скопје

9.Агент за продажба – Скопје

10.Столар – Тетово, Скопје, Битола, Берово

11.Тапетар – Берово

12.Електроинсталатер – Битола

13.Заварувач – Скопје, Штип, Тетово, Неготино, Велес

14.Бравар -Неготино, Велес

15.Ракувач со градежни машини- Битола,Скопје,Струмица,Кавадарци, Куманово, Неготино, Тетово

16.Вилушкарист-Битола,Скопје, Неготино

17.Автомеханичар-Битола,Скопје, Тетово

18.Службеник во сметководство/ книговодство-Битола,Струмица,Скопје, Штип, Куманово, Кавадарци

19.Персонални асистенти за инвалидни лица – Битола, Скопје, Струмица, Гостивар, Велес, Тетово

20.Неговател/ка на стари и немоќни лица – Куманово, Велес, Гостивар, Охрид, Струга, К.Паланка, Тетово

21.Неговател/ка на деца со пречки во развојот-Берово,Радовиш,Прилеп,Гевгелија, Велес, Тетово

22.Веб-дизајнер-Битола,Штип, Скопје

23.Маникир/педикир- Скопје, Тетово, Струмица, Битола, Штип

24.Фризер – Скопје, Тетово, Гостивар, Куманово, Штип

25.Масер – Струмица, Штип, Скопје, Тетово

26.Козметичар–Струмица,Скопје, Битола, Штип, Тетово

27.Собирач на секундарни суровини – Скопје

Заинтересираните верификувани спроведувачи треба да ги исполнуваат следните услови:

  • да имаат решение за верификација на посебна програма за образование на возрасните издадено од ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје;
  • да имаат решение за верификација на установа/институција за образование на возрасните издадено од Министерство за образование и наука,

Заинтересираните верификувани спроведувачи треба да достават потребна документација:

  1. Пријава за учество во мерката – објавена на интернет страната на ЈУ Центар за образование на возрасните (cov.gov.mk) – На крај на овој оглас може да ја преземете пријавата
  2. Документ за регистрирана дејност – образование на возрасни;
  3. Потврда/изјава за располагање со стручен кадар кој ќе ја спроведува програмата;
  4. Решение за верификација на посебна програма за образование на возрасните издадено од страна на ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје;
  5. Решение за верификација на установа/институција за образование на возрасните издадено од страна на Министерство за образование и наука, до започнување на обуката.

Обуките ќе се спроведат доколку има доволен број на пријавени невработени лица, на јавниот оглас кој подоцна ќе биде објавен од страна на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.

Селектираните спроведувачи на обука ќе добијат надоместок за обука во износ од 20.000 денари по обучено лице.

  1. Доколку спроведувачот на обука обезбеди вработување наминимум 50% од вкупниот број на лица кои успешно завршиле обука, ќе добие и дополнителен износ од 10.000 денари по лице по вработувањето.
  2. Доколку спроведувачот на обука обезбеди вработување на 30% до 49% од вкупнио број на лица кои успешно завршиле обука ќе добие и дополнителен износ од 5.000 денари по лице по вработувањето.

И во случајот 1 и случајот 2,период за вработување на определениот број на обучени лица е три последователни месеци во период од еден месец по завршување на обуката со полно работно време.Доколку има престанок на работниот однос пред истекот на определениот рок, спроведувачот на обука е должен да обезбеди замена на лицето со друго обучено лице или да врати сразмерен износ на исплатените средства за вработување, освен во случај на неспособност за работа или смрт.

Потребната документација се доставува најдоцна до 12.03.2020 година до архивата на:

ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје

ул. Димитрие Чуповски бр. 13

1000 Скопје

Некомплетните, ненавремено доставени документи и пристигнати пријави за занимања кои не се наведени во јавниот оглас нема да бидат земени во постапка за одлучување.

  Тука може да ја преземете пријавата Prijava-za-provajder_merka

 

ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје

 

 

понеделник март 2nd, 2020
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support