Опис на програма

 

Програмата за работно оспособување за самостојно извршување на работи и работни задачи Декоративен маникир/педикир  во козматички салон за маникир/педикир или да се самовработи отварајќи сопствен бизнис.  Програмата опфаќа стручно теоретски содржини со вежби кои се реализираат во училницa/кабинет, и истите се во функција на практичната обука која се реализира во салон. Програмата е со тримесечно времетраење, односно  270 часа. Стручно теоретските  содржини ги реализираат наставници Д-р специјалист дрматолог, наставник по претприемништво и бизнис, Менаџер по кадровски менаџмент,  со искуство на реализација на обуки со возрасни. Практичната настава се реализира во козметички салони кај реномирани Козметичари – Мајстори на својот знает. При реализација на обуката се користат современи форми и методи, преку презентација, дискусии, и практични изведби со што кандидатите со успех ќе можат ефикасно да се оспособат за занимањето. Во текот на реализација на обуката се врши проверување на постигнувањата преку усно поставени прашања и писмено со тест прашања и оценување на практичната работа. Оценувањето е во функција на помош и соработка на сите оние кои имаат потешкотии во постигнување на очекуваните резултати.  По завршување на програмата учесникот  полага завршен испит со што се стекнува со Сертификат за  самостојно изведување на работи и работни задачи Декоративен Маникир/Педикир по верифицирана програма и ќе можа да работи во козметички салон или да се самовработи со отварање на сопствен бизнис.  .

Програмата дава можност за натамошно вертикално напредување во занимањето

Резултати од програма

По завршувањето на обуката учесникот ќе се стекне со стручни компетенции: -планира и организира работата  и работни задачи;. -применува професионален однос и комуникација со клиенти, претпоставени, соработници; -подготвува  клиенти за предвидениот третман и постапка; -изведува класичен маникир, педикир, декоративен маникир, надградби, декорација на нокти; -изведува нега на раце, на деформирано,  инфицирано стапало, третман на враснат нокт итн; -користи професионални козметички препарати и апарати и се грижи за квалитет на услугите; -води деловна администрација и документација и комуникација, -познава права од работен однос и основите за отварање и водење на мал бизнис

Критериуми за влез во програмата

Завршено основно образование и над 15 годишна возраст. Психофизички здрав со добри природни  стекнати и развиени, вид, слух, осет,  со чувство за естетика и осетливост  на напорот потребен за различни работи Личност со емоционална стабилност, присебност, среденост и самоконтрола.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 18 18
Пракса 74 74
Оценување 8 8
Вкупен број на часови 270
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support