Опис на програма
Електроинсталатер и монтер на станбени објекти претставува посебна програма за стекнување на стручни квалификации, со стекнување посебни знаења, вештини и способности на кандидатите и истата опфаќа теоретски и практичен дел кој ќе се реализира во вкупно 240 часа за обука.
Теоретскиот дел содржи општ и посебен дел со кој кандидатот се здобива со потребните знаења, вештини и компетенции.
Со практичниот дел од програмата се предвидува стручно-работно оспособување на кандидатите за практична примена на постапките за монтирање и ставање во функција на јакострујни инсталации до 1KV, дефинирање и избор на параметрите, самостојно изведување на работните задачи и визуелна контрола.
Резултати од програма
Како резултат од спроведената обука се очекува кандидатите да се стекнат со следниве способности и компетенции:
• чита едноставни електрични шеми, проекти и опис на работите од областа на занимањето;
• утврдува работни чекори, средства и методи на работа;
• примање и проучување на работна и техничка документација, подготовка на алат и прибор за работа;
• да разликува различни видови на изолирани кабли според пресек и број на жиците, во зависност од потребите;
• правилно и во согласност со прописите да поставува електрични кабли и истите да ги припреми за поврзување;
• поставува и изведува електрични врски во спратна табла со осигурувачи;
• да ги познава електричните симболи и истите да ги применува во електричните шеми;
• поврзување на различни типови на инсталациони прекинувачи, приклучници, светлечки тела и друго во електрична инсталација;
• изработува еднофазна и трофазна инсталација спрема зададена еднополна шема;
• да врши мерење на електрични големи, напон, струја, отпор, моќност.;
• да применува заштитни средства при работа и инсталирање на електрична инсталација;
• пуштање во работа на електрична инсталација и испитување исправност и фунционалност на електричната инсталација;
Критериуми за влез во програмата
За исполнување на критериумите, кандидатите треба да имаат:
• Завршено минимум основно образование, а повисок степен на образованиe ќе се смета за предност при упис.
• Не е потребно да поседуваат предходни знаења, вештини и компетенции од оваа област.
• Кандидатите треба да бидат постари од 17 години.
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 17 | 17 |
Пракса | 190 | 79 |
Оценување | 8 | 3 |
Вкупен број на часови | 240 |
0 STUDENTS ENROLLED