Опис на програма

Главна цел на програмата е учесникот  да стекне знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники при  изработка на модна конфекција  како и правилно користење на опремата и инвентарот на работното место.

Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат Кројач на конфекциски материјал“;

Времетраењето на програмата е 320 часа од кои 64 часа теоретска обука, 224 часа се практична обука во реални работни услови и 32 часа се наменети за оценувањето. Теоретскиот дел од програмата и практичниот дел ќе се изведува од понеделник до петок. Теоретската обука се одвива во специјализирани простории во рамките на компанијата под менторство на професор а практичната обука во рамките на компанија за време на која на учесниците ќе им биде доделен ментор вработен во компанијата.

Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку проверка на знаење со цел споредба на знаењето пред и после теоретската обука а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се дефинираат стекнатите вештини и компетенции. По успешно положен завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат „Кројач на конфекциски материјал“;

Резултати од програма

По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да:
  • Да ја организира својата работа и го контролира основниот и помошниот конфекциски материјал за кроење;
  • кроење;
  • Да ја пополнува техничко технолошката документација и води евиденција;
  • Да го набавува основниот и помошниот материјал и формира цена на конфекцискиот производ;
  • Да го контролира квалитетот согласно стандардите и нормативите;
  • Да врши поправка на производите и се грижи за оптималната исправност на машините и опремата;
  • Да комуницира со соработниците и се договара со клиентите;
  • Да ја организира работата на начин на кој не се загрозени безбедноста и животот и здравјето на работното место и пошироката околина;

Критериуми за влез во програмата

Учесникот да има завршено најмалку средно образование Со возраст над 18 години

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 64 20
Пракса 240 75
Оценување 16 5
Вкупен број на часови 320
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support