Опис на програма

Програмата има за цел да го оспособи учесникот за самостојно извршување на работи и работни задачи декоративен маникир  во салон за декоративен маникир или да се самовработи отварајќи сопствен бизнис. Програмата опфаќа стручно теоретски содржини со вежби кои се реализираат во училницa/ кабинет, и   практична обука која се реализира во салон. Програмата е со тримесечно времетраење, односно  210 часа.

По успешното завршување на програмата учесникот  ќе   се оспособи за самостојна работа со различни техники  за нега раце, масажа на дланки, нега на нокти  на раце, декорација и надградба на нокти, да користи професионални апарати и козметички средства и препарати. Учесникот ќе се оспособи да применува хигиенотехнички мерки за лична и работна хигиена, асепси, антисепси и стерилизации, одговорно да ги употребува  апаратите, опремата и инструментите за работа.Учесникот ќе ги познава првата и обврските од работен однос, отварање и водење на сопставен бизнис, за деловна усна и писмена комуникација и за тимска работа.

По завршувањето на програмата кандидатот полага завршен испит со што се стекнува со сертификат за работна оспособеност за декоративен Маникир по верифицирана програма.

Програмата дава можност натамошно вертикално напредување во повисоко  ниво од занимањето.

Резултати од програма

По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да: -ќе  применува хигиено технички мерки за лична и заштита  на работната средина, -ќе се штити себеси и клиентите од разни инфекции и -професионално ќе комуницира -ќе може да изведува разни зафати од нега и третман на дланки, - обликување и декорација на нокти на раце, -да изведува надградба на нокти, -да применува разни техники на маникир, -ќе ги користи професионални препарати и апаратите  за наведени третмани, - ќе ги одржува апаратите и приборот со кој работи,

Критериуми за влез во програмата

Завршено основно образование и над 15 годишна возраст.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 20 20
Пракса 70 70
Оценување 10 10
Вкупен број на часови 210
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support