Опис на програма

Програмата “Фризер-основно ниво” е насочена кон стручно оспособување на учесниците од областа на фризерството. Стекнатите вештини ќе им помогнат на кандидатите полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот.

Програмата за занимањето фризер-основно ниво се темели на стандард на занимање, кое се стекнува преку стручно-теоретска настава и практична обука. Програмата е со 250 часа или тримесечно времетраење.

Структурата на програмата за “Фризер-основно ниво”  е следна:

  • стручно-теоретски дел,
  • практична работа и
  •            проверка на постигањата на кандидатите (завршен испит).
  1. Стручно-теретскиот дел од обуката ќе се реализира во училница-кабинет (опремен според правилнкот за стандардите за просторот и опрема). Теоретскиот дел од обуката ќе го реализира наставен кадар со високо образование, VII/1, со завршени студии по медицина, технологија  и  економија, со 3 години работно искуство во настава.
  2. Практичниот дел од обуката ќе се реализира во современо опремени фризерски салони. Практичниот дел од обуката ќе го реализира мајстор фризер со 3 годишно работно искуство.
  3. Третиот дел од програмата за “Фризер-основно ниво” е проверка на постигањата на кандидатите или завршниот испит.

Структурата на програмата е претставена со 8 теми од кои 7 теми се од областа на фризерството, а последната од областа на бизнисот и претприемништвото.

Главна цел на програмата е учесникот по завршување на обуката да биде способен да: организира  сопствена работа, подготвува салон и клиенти за фризерски третман, советува клиенти, изведува фризерски третман, комуницира со клиентите и деловни партнери, води грижа за сопствената безбедност и безбедноста на клиентот, како и за здравјето и околината, води евиденција и подготвува пресметки за работата, познава права од работен однос и можностите за водење на сопствен бизнис и почитува работна етика и морал.

Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усна и писмена проверка на определени тематски целини и сегменти и практична работа- вежби.

По успешно завршување на програмата се полага завршен испит со што учесникот се здобива со сертификат за работна оспособеност “Фризер-основно ниво”.

Програмата дава можност за вертикално напредување во програми од повисоко ниво на занимање.

Резултати од програма

По завршување на обуката учесникот стекнува знаења и вештини и се оспособува да:
  • организира и извршува работни задачи;
  • создава хигиено техички услови за работа;
  • комуницира со корисниците на услугите;
  • подготвува работно место и клиент;
  • избира алат, прибор, апарати и материјали за работа;
  • проценува состојба на коса и скалп;
  • мие и регенерира коса и скалп,
  • потстрижува коса, витка и обликува коса, бои, бели, шатира и надградува коса;
  • избира и изведува фризура според намена;
  • развива претприемачки вештини;
  • применува мерки за заштита при работа и заштита на работната средина;
  • користи рационално материјали, опремата и времето;
  • применува норми на работна етика.

Критериуми за влез во програмата

Потенцијалните учесници во програмата не е потребно да поседуваат претходни знаења, вештини и компетенции. Потребно е да имаат завршено најмалку основно образование и да се на возраст над 15 години.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 50 20
Пракса 175 70
Оценување 25 10
Вкупен број на часови 250
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support