Опис на програма

Програмата  Маникир педикир содржи 220 часа која ќе се реализира во три месеци. Програмата е прилагодена според изготвен стандард на занимање и основна цел на програмата за маникир и педикир е стручно оспособување за декоративен маникир и педикир.

 

Содржините од теоретскиот дел од програмата ќе се реализираат во училница- кабинет во просториите на академијата, и кабинет опремен со потребниот алат и прибор за маникир и педикир.

За реализирање на програмата за маникир и педикир ќе биде ангажирано лице со завршени студии по медицина и козметичар со најмалку три години работно искуство.Програмата дава можност и за хоризонтална проодност учесникот да може да премине и во друга сродна образовна програма и вертикално напредување во програми од повисоко ниво во занимања.

 

Проверката на знаењата на учесниците се проверува тековно,после секоја тематска целина и на крајот од обуката се спроведува завршен испит и по успешно совладување на материјата учесникот се здобива со сертификат за Маникир и педикир

Резултати од програма

По завршувањето на теоретскат и практичната обука учесникот ќе се стекне со знаење и вештини да: -       Ја оргаанизира и планира сопствената работа и прави преглед на закажаните третмани -       Создава хигиено- технички услови за работа. -       Подготвува простор за работа. -       Подготвува и го заштитува клиентот за козметички третман -       Избира козметички препарати, инструменти и апарати за козметички третман според состојбата на кожата и ноктите. -       Применува техника на маникир на природни нокти -       Применува техника на надградба на вештачки нокти ( гел и акрил техника ) -       Применува техника на лакирање ( класично, сликарски техники, украсување, француски маникир ) -       Дава совети за состојба на ноктот кој не дозволува третман ( габични, меки нокти, кршливи, нерамни и нокти кои се раслојуваат ) -       Одредува состојба на кожа на стапала и нокти -       Обработува жулеви на стапала -       Применува техника во нега и стапала ( пилинг, масажа, маска, растителни пакувања, парафин) -       Води евиденција за извршени третмани -       Применува правила и мерки за лична безбедност и безбедност на клиентот при употреба на апарати и прибор. -       Применува кодекс на однесување-  етика во работењето -       Советува и помага при избор на третман и дава совети за избор на препарати за домашна нега
Применува хигиенско- технички заштитни мерки и средства при работа во согласност со законските прописи

Критериуми за влез во програмата

Учесниците во програмата, задолжително треба да имаат завршено основно образование и да се на возраст над 15 години.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 44 20
Пракса 154 70
Оценување 22 10
Вкупен број на часови 220
0 STUDENTS ENROLLED
    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support