Опис на програма
Главни цели на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники при работа во овоштарското производство; рачно и машинско калемење на овошни растенија со примена на разни техники на калемење; подигање и одгледување на овошен насад; и резидба на овошни растенија.
Начинот на реализација на програмата е преку теоретска настава и практична обука што ќе им овозможи на учесниците да се стекнат со потребните знаења, вештини и компетенции за добивање на сертификат за работно оспособување „овоштар“.
Времетраењето на програмата е 121 часа од кои 25 часа теоретска настава, 85 часа практична обука во реални работни услови и 11 часа се наменети за оценувањето. Теоретскиот и практичниот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно, однапред договорено со учесниците во програмата. Теоретската обука се одвива во посебна просторија за теоретска настава под менторство на овластени професори од факултетот и земјоделски инженер со повеќегодишно искуство, а практичната обука ќе се реализира во овошен насад. Практичната обука ќе се реализира под директно менторство на професори од факултетот и земјоделски инженер со повеќегодишно работно искуство.
Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на секоја тематска целина, преку усна и писмена проверка. По завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се проверуваат стекнатите знаења, вештини и компетенции. По успешно завршена практична задача на крајот од обуката, учесниците се стекнуваат со сертификат за работна оспособеност „овоштар“.
Резултати од програма
- ја планира, организира, изведува и контролира зададената работа;
- избира потребни материјали, прибор и алат за калемење и резидба;
- рационално ги употребува материјалите, времето и енергијата;
- применува различни техники на калемење;
- складира и чува резници, калем гранки и готови калеми;
- го одржува приборот и алатот за калемење и резидба;
- ги применува стандардите и го контролира квалитетот на работата;
- комуницира со колегите и претпоставените;
- применува правила за обработка и припрема на земјиштето за подигање на овошни насади;
- одбира здрави овошни садници;
- применува зимска или летна резидба.
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 25 | 21 |
Пракса | 85 | 70 |
Оценување | 11 | 9 |
Вкупен број на часови | 121 |