Опис на програма
Главната цел на програмата е кандидатите да се стекнат со знаење, вештини и компетенции потребни за занимањето Службеник во книговодство.Програмата е составена од седум тематски целини во кои се разработуваат функциите и активностите поврзани со секторот закниговодство во компаниите. Според наставниот план обуката трае 130 часа, во кои се застапени теоретски предавања и практични вежби од областа. По завршувањето на секоја тематска целина учесниците во програмата ќе бидат оценувани врз основа на нивниот напредок. По успешно завршената програма и позитивната оценка учесникот добива Сертификат за работна оспособеност за програмата Службеник во книговодство. |
Резултати од програма
По завршувањето на програмата учесникот ќе биде способен да:
- подготвува и организира работно место;
- применува сметководствени принципи и начела;
- следи пропишана законска регулатива за водење на сметководство;
- врши контрола и комплетирање на документација;
- проучува завршна сметка од претходна година;
- внесува почетна состојба на средства и извори врз основа на биланс од претходната година;
- познава постојни законски прописи кои ја регулираат формата и содржината на документите;
- врши проверка на формална исправност на документите;
- врши проверка на материјална исправност на документите;
- врши проверка на пресметковна исправност на документите;
- изготвува финансиски извештаи;
- врши калкулативни пресметки;
- врши пресметки на даноци;
- врши пресметки за корекција на вредностите на средствата и изворите;
- применува правила, стандарди и прописи на евиденција;
- комуницира со интерни и екстерни соработници;
- известува интерни и екстерни соработници;
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 50 | 45 |
Пракса | 50 | 45 |
Оценување | 10 | 9 |
Вкупен број на часови | 110 |
0 STUDENTS ENROLLED