Опис на програма

Програмата “Фризер – основен курс” е насочена кон стручно оспособување на учесникот од областа на фризерството. Стекнатите вештини ќе му помогнат на учесникот полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот.

Главна цел на програмата е учесникот по завршување на програмата да биде способен да организира простор и работа во салон, подготвува клиент, мие и регенерира коса и скалп, потстрижува коса, обликува и фенира и ондулира, подготвува коса за боење и белење, бои, бели и шатира.

Во реализација на обуката ќе се применуваат современи наставни методи, вербални, демонстрирање, практична работа – вежби кои ќе му овозможат на учесникот континуирана активност за целокупното траење на обуката. Во тек на обуката ќе се применуваат наставни средства и помагала кои се дефинирани во точка 23 (опрема и наставни помагала).

Оценувањето на постигањата на учесникот ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно-излагање, писмено-тестови на знаења на определени тематски целини и сегменти и практична работа- вежби.

Структурата на програмата за “Фризер-основен курс” е следна:

  •       стручно-теоретски дел,
  •        практична работа и
  •         проверка на постигањата на учесникот (завршен испит).
  1. Стручно-теретскиот дел од обуката ќе се реализира во простории опремени со компјутери, интернет, аудио и видео опрема и сл. Теоретскиот дел од обуката ќе го реализираат обучувачи со завршено високо образование, VII/1 степен, со завршени студии по технологија, фармација и медицина.
  2. Практичниот дел од обуката ќе се реализира во современо опремена фризерска работилница (салон), а со учесникот ќе работи фризер ментор со повеќегодишно работно искуство.
  3. Третиот дел од програмата за помошник фризер е проверка на постигањата на учесникот или завршниот испит.

Учесникот кој  успешно ќе ја заврши обуката се  здобива со сертификат за Фризер- основен курс.

Времетраењето на програмата е 3 месеци или 10 недели или 200 часа.

Програмата нуди можност за напредување на повисоки нивоа

Резултати од програма

По завршување на обуката учесникот ќе биде способен да:
  • организира простор и работа во фризерски салон,
  • подготвува работното место и клиент,
  • проценува состојба на коса,
  • мие и регенерира коса и скалп,
  • потстрижува коса,
  • обликува и фенира коса,
  • изработува водена ондулација и ЛТО,
  • подготовува коса за боење и белење,
  • бои, бели и шатира коса,
  • применува норми на работна етика.

Критериуми за влез во програмата

Основно ниво на образование: основно образование и возраст од најмалку 15 години. Пожелно ниво на образование: тригодишно или четиригодишно образование (од било која струка). Дополнителни барања за кандидатите: дополнителни услови не се бараат.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 60 30
Пракса 120 60
Оценување 20 10
Вкупен број на часови 200
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support