Опис на програма

Програмата овозможува стручно оспособување за Изработувач на браварски производи и конструкции  и истата е со тримесечно времетраење, односно 300 часа и опфаќа  стручно теоретски содржини кои се  во функција на практичната обука,  која  пак се изведува во браварска работилница и на терен во реални услови. Учесникот со програмата ќе  се оспособи да ја планира, организира и извршува работни задачи на производство на браварски производи и браварски покривни конструкции, рационално да ги користи материјалите, опремата и времето, ќе комуницира со претпоставените и корисниците на услуги да изведува браварски работи со  технолошки и изведбени постапки по барања на проектот и инструкциите на претпоставениот и странките, да изработува браварски производи: метални огради, врати, степеници, заштитни огради на степеници и тераси, да сече рачно и машински, да спојува со завртки и навртки, заковци, лемење, лепење,  заварување, да изведува  кровни конструкции по техничката документација, да води  и издава потребна документација за изведените работи, да набавува опрема, материјали и репроматеријали, да се грижи за квалитетот на извршените работи и одговара за нив, да се грижи за безбедноста при работа, здравјето и лична заштита и заштитата на работната околина, да ги познава правата од работен однос и можности за отварање  и водење на мал бизнис,

По завршувањето учесникот полага завршен испит со што по успешното завршување се стекнува со Сертификат за стручна оспособеност за Изработувач на браварски производи и конструкции.

Резултати од програма

Учесникот  по успешното завршување на програмата стручно ќе се оспособи за  изработка на браварски производи и конструкции и да применува соодветен алат, опрема,  средства и машини за работа,   изведува браварски  работи со  технолошки и изведбени постапки за производство и монтажа на браварски  елементи и покривни браварски конструкции по барања на проектот и инструкциите на претпоставените,  води потребна документација и применува средства за лична заштита при работа и заштита на здравјето на луѓето и околината,ги одржува алатите, уредите и машиноте, учествува во негово корективно одржување и сервисирање, постигнува  квалитет и сигурност и безбедност при работата, за личното здравје и здравјето на луѓето и животната средина.По успешното завршување учесникот  се стекнува со Сертификат за стручна оспособеност за Изработувач на браварски производи и конструкции.

Критериуми за влез во програмата

Завршено основно образование и над 15 годишна возраст.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 60 20
Пракса 210 70
Оценување 30 10
Вкупен број на часови 300
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support