Опис на програма

Програмата е насочена кон стекнување на вештини за раководења на Проектен циклус од планирање до раководење.
Секоја фаза од проектниот менаџмент е поддржан со практични алатки за развој на проектна идеја, планирање на проектот, спроведувањето и девалутацијата.
Главна цел на програмата е учесникот да се стекне со знаења, вештини и компетенции за користење применливи алатки за проектниот менаџмент, опфаќајќи идентификување на повици и програми, развоја на идејата за потребите на организацијата, градење на партнерства и аплицирање за финансирање на проектот.
Времетраењето на програмата е  60 училишни часа ( 10 за планирање на проект, 10 за градење на партнерства, 10 за пишување на проектна апликација, 10 за спроведување на проектот, 10 за Извештајност за резултатите и буџетот и 10 за мониторинг и евалуација на проектот).  Теоретска настава се состои од интерактивни методи за учење на возрасните. Наставната содржина е ориентирана според интелектуалните способности и потреби на учесниците. Практичната обука се состои од активности на  учесникот, организирани во тестови и вежби, презентација на успешни практики, индивидуална и групна работа и пополнување на обрасците на проектна апликација.
Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршување на теоретскиот, со писмен тест и завршен испит за практичниот  дел со усмевна презентација на изработениот проект. После положениот завршен испит учесникот се стекнува со сертификат за Вештини за менаџирање на Проектен циклус.

Резултати од програма

После завршување на обуката учесникот ќе биде способен да:
  • Идентификува надворешни извори на финансирање на организацијата;
  • Развој на проектна идеја согласно целите на повикот за предлог-проекти;
  • Изработи проектна апликација
  • Идентификува и воспостави партнерства
  • Аплицира и преговара за користење на средствата
  • Го организира спроведувањето на проектот;
  • Ги подготвува извештаи за активностите, резултатите и трошоците на проектот
  • Ги мониторира и евалуира постигнатите резултати.
По успешното завршување на програмата учесникот ќе биде способен да го направи следното: да дефинира  цели на проектот,  да развие проектна апликација , да ги користи алатките за спроведување на проектниот циклус.

Критериуми за влез во програмата

Нема.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 30 50
Пракса 25 42
Оценување 5 8
Вкупен број на часови 60
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support