Опис на програма
Курсот за возрасни се состои од осум основни нивоа кои според европската референтна скала одговараат на нивоата од А1 до В2. Наставата е посебно прилагодена за возрасни слушатели и во себе содржи внимателно конципирани тематски единици од секојдневни животни ситуации поделени на 6 дела: граматика, зборовен фонд, слушање, изговор, пишување и зборување, како и видео настава т.н. практичен германски по завршувањето на секоја тематска единица.
Ваквиот начин на изучување на странскиот јазик овозможува брзо запомнување на јазичните единици со единствена цел – слушателот што побрзо да започне да го користи јазикот и без проблем да се снаоѓа во странската јазична средина.
Резултати од програма
• Општо подобрување на јазичните способности;
• Совладување на тешкотиите при усно изразување;
• Усвојување на граматиката преку посебна и делотворна методологија;
• Постојано проширување на зборовниот фонд;
• Запознавање со културата на земјата чиј јазик се изучува;
• Напредок во кариерата;
• Подготовка за полагање меѓународни испити (за виза)
Критериуми за влез во програмата
Нема.
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 16 | 80 |
Пракса | 3 | 15 |
Оценување | 1 | 5 |
Вкупен број на часови | 20 |
0 STUDENTS ENROLLED