Опис на програма
Кандидатот се оспособува да разбере широк спектар на сложени и подолги текстови и да препознае скриени значења. Може да се изрази флуентно и спонтано без многу очигледно барање на зборови. Може да го користи јазикот флексибилно и ефикасно во општествени, академски и професионални цели. Може да срочи јасен, добро структуриран и детален текст на сложени теми и притоа соодветно да користи различни изрази за поврзување на деловите од текстот.
Резултати од програма
Кандидатот е способен да разбира поопширни излагања дури и кога не се јасно структурирани или врските не се јасно искажани, туку само се подразбираат. Може да ги разбере телевизиските емисии и филмови без некој поголем напор.
Може да разбере долги и сложени текстови засновани на факти како и литературни текстови воочувајќи ги разликите во стилот. Може да разбере стручни написи и подолги технички упатства, дури и ако не се поврзани со своето поле на интерес.
Може течно и спонтано да се изразува без некој видлив напор за барање изрази. Може флексибилно и ефикасно да го користи јазикот за дружење и професионални цели. Може со прецизност да формулира идеи и мислења и вешто да се вклучи во дискусија со други соговорници.
Може да даде јасни и детални описи на сложени теми, вклучувајќи разни тематики, развивајќи одредени идеи и заокружувајќи го тоа со соодветен заклучок.
Може да ги изнесува своите идеи во јасен, добро структуриран текст и да давам поопширни објасненија за своите ставови. Може да пишува за сложени теми во писма, состави или извештаи, нагласувајќи го она што смета дека е важно. Може да го одбере стилот соодветен за определениот читател.
Критериуми за влез во програмата
Претходно успешно завршен В2 степен.
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 48 | 48 |
Пракса | 48 | 48 |
Оценување | 2 | 4 |
Вкупен број на часови | 100 |
0 STUDENTS ENROLLED