Опис на програма

Програмата овозможува работно оспособување за ТИГ заварувач  и истата е со  тромесечно времетраење, односно 320 часа  и опфаќа  стручно теоретски содржини кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак, се изведува во браварско –заварувачка  работилница.

По успешното завршување на програмата  учесникот ќе  се оспособи да ја планира и ја организира работата, самостојно и во тим, да го подготвува работното место, алатот, машините и мерните инструменти, да ги проверува, приспособува и ги одржува опремата, машините, уредите и

средствата, обезбедува квалитетни услуги и производи, врши заварувачки и репаратурни работи според пропишаниот ТИГ начин на заварување, ги обезбедува потрошните материјали во зависност од процесот на работа, ги обработува работните налози и техничката документација потребна за извршување на работните задачи, к омуницира со соработниците и клиентите, и ги почитува деловните принципи, ќе  користи стручната литература и упатствата за квалитетно извршување на работата, ќе ги применува мерките за лична заштита и заштита на околината, ќе ги познава правата од работен однос и водење на сопствен бизнис.

По завршувањето на програмата учесникот полагаат завршен испит. Учесниците кои со успех ќе го положат завршниот испитот се стекнуваат со Сертификат за ТИГ  Заварувач

Резултати од програма

Учесникот  по успешното завршување на програмата ќе се оспособи за  изведување на работи и работни задачи ТИГзаварувач; ќе подготвува и изведува  заварувачки и репаратурни заварувачки работи, ќе подготвува и  подесува основните материјали за заварување, или репарирање,ќе  го подготвува  потребниот потрошен (додатен) метал зависно од процесот  на работа, и барањата на техничката документација за заварување, ќе ги подесува параметрите за дадениот работен налог, ќе комуницира со соработниците и клиентите почитувајќи ги етичките норми, ќе води сметка за квалитетно извршување на работата, че ја проверува, одржува и сервисира опремата и уредите со кои работи, ќе ги применува мерките за лична заштита и заштита на околината, ќе ги познава правата од работен однос и основите за водење на сопствен бизнис.

Критериуми за влез во програмата

Завршено најмалку основно образование и над 16 годишна возраст.  

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 60 20
Пракса 230 70
Оценување 30 10
Вкупен број на часови 320
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support