Врз основа на член 41 од Законот за образование на возрасните („Службен весник на РепубликаМакедонија“ бр. 7/08, 17/11, 51/11, 74/12, 41/14, 144/14, 146/15, 30/16 и 64/18) ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува
ЈАВЕН ОГЛАС
За избор на Надворешни соработници ( две позиции )
ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува јавен оглас за избор на Надворешни соработници за проектот Пазарно ориентирани вештини за одтржливо ефикасно енергетско градење, TRAINEE (TowaRd market-based skills for sustAINable Energy Efficient construction“ Grant Agreement No: 785005 — TRAINEE — H2020-EE- 2016-2017/H2020-EE-2017-CSA-PPI ) (2извршители).
Заинтересираниот кандидат треба да ги исполнува следниве услови:
- Завршено високо образование ;
- Одлично познавање на англискиот јазик;
- Најмалку10 години работно искуство;
- Најмалку 5 години искуство во имплементирање на проекти;
- Искуство во спроведување на обуки за возрасни;
- Искуство во анализа и истражување;
Заинтересираниот кандидат треба да достави:
- Пријава која треба да содржи:
- име и презиме,
- адреса на живеење,
- телефонски број и електронска пошта за контакт,
- степен и вид на стекнатото образование,
- години на работно искуство
- листа на проекти (како носител и како партнер),
- Кратка биографија.
Потребната документација кандидатот да ја достави на е-пошта до: irena.filipovska@cov.gov.mk
Со назнака: Надворешен соработник за проект Пазарно ориентирани вештини за одтржливо ефикасно енергетско градење, TRAINEE во рок од 5 дена од денот на објавување на огласот.
Некомплетирани и ненавремени доставени документи нема да бидат земени во постапна за одлучување.
Публикуван на: 02.01.2020 година
Прием на апликации до: 06.01.2020година