Опис на програма
Програмата за занимањето Агент за продажба преку телефон се темели на стандард на занимање “Продавач – Телемаркетинг“, кое се стекнува преку стручно теоретски содржини, практична обука и полагање на завршен испит.
Цели на програмата: Програмата е подготвена и прилагодена согласно постоечки стандард на занимањето “Продавач – Телемаркетинг“ и истата дава можност по завршување на обуката секој кандидат самостојно да: планира, подготвува, организира и реализира продажба преку телефон, креира и напише “Продажна скрипта“ како и водич за продажба преку телефон – “sales pitch”, започне и го “отвори“ телефонскиот разговор и истиот комплетно го контролира, стекне и “заслужи“ доверба на потенцијалните клиенти, “Активно“ слуша, ги препознава и открива основните потреби и мотиви за купување кај потенцијалните клиенти, презентира производи или услуги на потенцијалните клиенти на најдобар можен начин согласно најдобрите продажни и маркетинг стратегии, техники, методологии и практики, преговара со потенцијални клиенти за сите детали поврзани со производот или услугата, ги надминувa сите забелешки, жалби и поплаки од страна на потенцијалните клиенти (Objections & Rebuttals), спроведува и практикува “up-selling и cross-selling” техники, дефинира и финализира детали кои може да бидат предмет на евентуална продажба на производот или услугата (цена, количина, начини и услови на плаќање, испорака, попусти, промоции, и др…), финализира и го “затвори“ договорот за продажба, го приведе до крај и заврши телефонскиот разговор (комуникација), но и договори соодветен follow-up и конкретни следни чекори, се грижи за клиентот на најдобар можен начин (customer care) и го води клиентот после реализирана и затворена продажба (Account management).
Начин на реализација: Обуката се реализира преку теоретски и практичен тренинг и полагање на завршен испит кој се состои од писмен, усмен и практичен дел, а со цел стекнување Сертификат за Агент за продажба преку телефон.
Содржините од стручната теорија се реализираат во опремена просторија, опремена и за практична работа. Практичната обука се изведува комбинирано во опремена просторија и Кол-центар.
Времетраење на програмата: 50 часа
Напредување во програмата: По успешно завршување на програмата се полага завршен испит, со што учесникот се здобива со сертификат за Агент за продажба преку телефон. Програмата дава можност за вертикално напредување во програми од повисоко ниво на занимања
Резултати од програма
- Планира, подготвува, организира продажба во било кој домашен или меѓународен кол-центар
- Комуницира со потенцијални клиенти
- Презентира производи или услуги на најдобар можен начин
- Преговара со потенцијални клиенти
- Реализира продажба преку телефон
- Користи напредни бизнис техники, стратегии и професионален вокабулар
- Креира скрипта/водич за продажба и води досие и уредна документација
- Врши аналиси и собирање на статистички податоци
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 10 | 20 |
Пракса | 35 | 70 |
Оценување | 5 | 10 |
Вкупен број на часови | 50 |