Градење на конкурентните спосoбности за енергетска ефикасност на градежниот сектор преку проектот„Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“

Како дел од Потпрограмата „Енергетска ефикасност“, во рамките на Европската програма „Хоризонт 2020“, на 27.9.2018 година, во хотелот „Александар Палас“, се одржа Конференција за започнување на Проектот „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ (ТРАИНЕЕ).

Преку Проектот „ТРАИНЕЕ“ се очекува да бидат опфатени околу 200 градежни компании, 4000 градежни професионалци и 9600 градежни работници (бројки дефинирани во Патоказот за развој на вештини за енергетска ефикасност), што е сериозна бројка и успешната имплементација на Проектот преку примена на „БИМ“-алатката и на параметрите за енергетска ефикасност би значело отворање на нови работни места, подигнување на квалитетот на изградбата, заштеда на време и енергија, подигнување на стручноста на вработените во компаниите, и пред сė зголемување на конкурентноста на домашните компании и олеснување на нивниот настап на европскиот пазар и пошироко. Севкупната поддршка на „ТРАИНЕЕ“ за примена на мерките за енергетска ефикасност во  градежништвото и мерењето на заштедите ќе ги поттикне инвеститорите да ја зголемат побарувачката за ЕЕ-градба во Република  Македонија.

Партнери во Проектот „ТРАИНЕЕ“ се: Стопанската комора на Македонија, како главен имплементациски партнер, Здружението за бизниси и консултанти „Креација“ – Скопје, ВИТС Институт – „БИМ“ Академија од Шпанија, Факултетот за електротехника и информациски технологии при  Универзитетот „Св Кирил и Методиј‟ – Скопје, Центарот за образование на возрасни на Македонија и Инженерската институција на Македонија (ИМИ). Сите партнери заедно ќе ги реализираат предвидените активноси согласно  динамиката и работните задачи дефинирани во овој проект.

Monday November 5th, 2018
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support