Përshkrimi I programës
Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники при изработка на фасада, како и правилно користење на опремата и алатот за изработка на истата.
Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат „Фасадер“.
Времетраењето на програмата е 220 часа од кои 60 часа теоретска обука, 150 часа се практична обука во реални работни услови и 10 часа се наменети за оценувањето. Теоретскиот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно во договор со учесниците, а практичниот дел ќе се изведува од понеделник до петок. Теоретската обука се одвива во специјализирани простории во рамките на компанијата под менторство на овластен инженер, а практичната обука во рамките на компанија за време на која на учесниците ќе им биде доделен ментор вработен во компанијата.
Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на секоја тема од теоретскиот дел преку проверка на знаење со цел споредба на знаењето пред и после теоретската обука, а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се проверуваат стекнатите вештини и компетенции. По успешно положен завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат „Фасадер“.
Rezultatet e programës
- ја организира својата работа;
- ги почитува мерките за изведба на фасадата;
- применува прописи за добра и квалитетна изведба;
- применува прописи за заштита при работа;
- применува прописи за квалитет на матаеријалите и нивното користење;
- разликува технолошки постапки за изведба на одреден тип на фасада;
- монтира и демонтира фасадно скеле следејќи ги прописите за безбедност;
- ги пресметува и прибележува количините на изведената фасада и употребените материјали.
Kriteret për hyrje në programë
Kohëzgjatja e programës
Kohëzgjatja e programës | Numri I përgjithshëm I orëve | Treguar në përqindje |
---|---|---|
Teori | 60 | 27 |
Praktikë | 150 | 68 |
Vlerësim | 10 | 5 |
Numri I përgjithshëm I orëve | 220 |