Përshkrimi I programës
Rezultatet e programës
(Mk) По завршувањето на програмата учесникот ќе биде способен самостојно да работи со комуникациската и информациската технологија. Овој процес го зголемува интелектуалниот потенцијал на учесниците во процесот на деловното вклучување при вработување или самовработување. Секоја организација во современите услови бара вработени кои познаваат работа со комуникациска и информациска технологија. Програмата овозможува брзо вклучување на учесниците во деловните подрачја овозможувајќи им услови за личен напредок.
Модул 1 Основен модул
Со завршување на овој дел од програмата, учесникот ќе биде способен да:
• го познава хардверот и софтверот како основни компјутерски компоненти,
• ги разбира основните концепти во функционирање на софтверот и хардверот,
• целосно ја совлада употребата на компјутерот,
• целосно ја совлада работата со датотеки, употреба на општи функции на компјутерот и неговиот оперативен систем.
• знае ефикасно да го користи работното опкружување, десктоп опкружувањето како и користење на компјутерски мрежи,
• знае да ја користи компјутерската технологоија во секојдневниот живот,
• има познавања од сигурност во користење на компјутерската технологија и опкружување, авторски права и закон,
• биде способен напредно да го користи компјутерот во делот на работа со датотеки, основни функции на оперативниот систем, подесување на десктоп опкружувањето, антивирусен софтвер и сите останати непосредни функции поврзани за користење на оперативниот систем,
• знае да го користи интернетот и web пребарувањето,
• има знаење ефикасно да изврши пронаоѓање на информации,
• има знаење за online комуникација и користење на електронска пошта,
• има познавања за работа со апликација за обработка на текст вклучувајќи ја и завршната обработка на текстуални датотеки,
• има познавања за работа со апликација за табеларни калкулации вклучувајќи го користењето на функции во изготвување на табеларни извештаи.
Модул 2 Стандарден модул 1
Со завршувањето на овој дел од програмата, учесникот ќе биде способен да:
• знае да користи софтвер за работа со релациски бази на податоци преку кои се: креираат табели во база на податоци, изготвуваат прашалници, креираат форми и извештаи,
• знае да користи софтвер за изработка на презентации.
Модул 3 Стандарден модул 2
Со завршување на овој дел од програмата учесникот ќе биде способен да:
• ги разбере клучните концепти на дигиталните слики, ја користи апликацијата за обработка на битмапирани слики во сите сегменти на обработка на фотографија вклучувајќи го делот и припрема за печатење,
• ги запознае клучните концепти за креирање, поставување и ажурирање на веб страници,
• ги користи програмите кои служат за креација и одржување на веб сајтот.
Kriteret për hyrje në programë
(Mk) За влез во програмата кандидатот треба да има завршено најмалку основно образование.
Kohëzgjatja e programës
Kohëzgjatja e programës | Numri I përgjithshëm I orëve | Treguar në përqindje |
---|---|---|
Teori | 10 | 6 |
Praktikë | 140 | 89 |
Vlerësim | 8 | 5 |
Numri I përgjithshëm I orëve | 158 |
0 STUDENTS ENROLLED