Përshkrimi I programës

Sorry, the content of this page is available only in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Курсот по германски јазик за ниво А1.1 е насочен кон осознавање на правилата и нормите на германскиот правопис, збороредот во прашални и исказни реченици и основни граматички структури, кон распознавање основни интонациски модели во истите и познавање, разбирање и употребување секојдневни изрази и основни фрази. Учебникот опфаќа седум лекции со следниве теми: добар ден, моето име е…, семејство и пријатели, јадење и пиење, моето живеалиште, мојот ден, слободно време и учење-за цел живот. Во реализација на програмата ќе се применуваат наставни методи (монолошка, илустративна, дијалошка, дискусија, разговор, презентација), наставни техники (сложувалка, играње на улоги, бура на идеи, ) кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за време на траење на курсот. Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата во текот на целиот курс, усно, писмено и на завршниот испит. Наставата ќе се одвива во предавална со потребната опрема според Норматив за простор и наставни средства и помагала (ИКТ, табла, учебник, наставани ливчиња, материјали подготвени од наставник). Наставата ќе ја изведува: дим професор, со завршени студии по германски јазик, наставна насока. Времетраењето на курсот е 32 часа (еден час е во трање од 90 минути) од кои за нов наставен материјал се предвидени 19 часа ,за вежби и тематски тестови 12 часа и 1 час е предвиден за завршен тест со кој се утврдува севкупно постигнато знаење и тоа: разбирање (слушање и читање), пишување, зборување (интерактивен и продуктивен говор), според заедничка европска рамка. Кандитатот кој успешно ќе го заврши курсот се здобива со уверение, според заедничка европска рамка. Програмата нуди можност за изучување на повисок степен.

Rezultatet e programës

(Mk) Резултати од програмата По завршувањето на курсот слушателот ќе знае да поздрави и отпоздрави, да се претстави и накусо да се опише себеси и друга личност (име, потекло, место на живеење, адреса, телефонски број, возраст, брачна состојба, семејство), да го спелува името и презимето, да постави директни прашања за лични податоци, прашања за состојба и да одговори на истите, да пронајде неопходна информација во едноставен текст, да умее од кратки едноставни текстови и разговори да ги извлече најважните податоци за личностите, местата, да препознае имиња, броеви, зборови и едноставни структури. Слушателот ќе може да разбере текстови како на пример мени со познати зборови, да разбере броеви и цени, да напише куси реченици и да води елементарен разговор на позната тема од секојдневието, како навики за јадење, нарачување и плаќање во ресторан или пазарење во супермаркет или на пазар. Тој ќе биде оспособен да го опише своето живеалиште, да изрази допаѓање и недопаѓање, да разбира кратки огласи за изнајмување на живеалишта и да води елементарен дијалог поврзан со темата, да ја разбира содржината на едноставни текстови пр. разгледница, да напише разгледница според напишана мостра, да разбере основни информации од куси дијалози формулирани на стандарден јазик и прочитан бавно, да води елементарен дијалог и да раскажува на тема секојдневни активности во домот, дневна рутина, слободно време, омилени активности и хоби, да разбира информации поврзани со денови од неделата и време дадено во часови и истите да ги употребува, да знае на едноставен начин да го опише времето и да разбере важни информации на табли и знакови, да ги изрази своите способности, намери и желби, да зборува за своите цели и навики при изучување на германскиот јазик користејќи познати зборови.

Kriteret për hyrje në programë

(Mk) Курсот е наменет за возрасни слушатели кои за прв пат го изучуваат германскиот јазик без предзнаење.

Kohëzgjatja e programës

Kohëzgjatja e programës Numri I përgjithshëm I orëve Treguar në përqindje
Teori 19 59
Praktikë 12 37
Vlerësim 1 3
Numri I përgjithshëm I orëve 32
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support