Врз основа на член 41 од Законот за образование на возрасните („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/08, 17/11, 51/11, 74/12, 41/14, 144/14, 146/15, 30/16 и 64/18) ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува
ЈАВЕН ОГЛАС
За избор на Преведувач за превод на материјали од англиски на македонски јазик
ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува јавен оглас за избор на Преведувач за превод на материјали од англиски на македонски јазик за потребите на проектот Пазарно ориентирани вештини за одржливо ефикасно енергетско градење, TRAINEE (TowaRd market-based skills for sustAINable Energy Efficient construction“ Grant Agreement No: 785005 — TRAINEE — H2020-EE- 2016-2017/H2020-EE-2017-CSA-PPI ).
За интересираниот кандидат треба да ги исполнува следниве услови:
- Да има завршено високо образование – Филолошки факултет ( Англиски јазик ) или,
- Да поседува Решение за постојан судски преведувач од македонски на англиски јазик
- Да има најмалку 10 години работно искуство во преведување на материјали
За интересираниот кандидат треба да достави:
- Пријава која треба да содржи:
- име и презиме,
- адресанаживеење,
- телефонскиброј и електронскапоштазаконтакт,
- степен и виднастекнатотообразование,
- годининаработноискуство
- листанапроекти (каконосител и какопартнер),
- Кратка биографија.
Потребната документација кандидатот да ја достави на е-пошта до: irena.filipovska@cov.gov.mk
Со назнака: Преведувач за превод на материјали од англиски на македонски јазик за проект Пазарно ориентирани вештини за одтржливо ефикасно енергетско градење, TRAINEE во рок од 5 дена од денот на објавување на огласот.
Некомплетирани и ненавремени доставени документи нема да бидат земени во постапна за одлучување.
Публикуван на: 24.01.2020 година
Прием на апликациидо:28.01.2020 година