Врз основа на член 41 од Законот за образование на возрасните („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/08, 17/11, 51/11, 74/12, 41/14, 144/14, 146/15, 30/16 и 64/18) ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува
ЈАВЕН ОГЛАС
За избор на Преведувач – симултан превод англиски – македонски јазик за време на БИМ обуките (2 извршители)
ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува јавен оглас за избор на Преведувач – симултан превод англиски – македонски јазик за време на БИМ обуките, за потребите на проектот Пазарно ориентиран и вештини за одржливо ефикасно енергетско градење, TRAINEE (TowaRd market-based skills for sustAINable Energy Efficient construction“ Grant Agreement No: 785005 — TRAINEE — H2020-EE- 2016-2017/H2020-EE-2017-CSA-PPI ).
За интересираниот кандидат треба да ги исполнува следниве услови:
- Да има завршено високо образование
- Да има најмалку 5 години работно искуство во симултан превод од англиски на македонски јазик и обратно.
За интересираниот кандидат треба да достави:
- Пријава која треба да содржи:
- име и презиме,
- адреса на живеење,
- телефонски број и електронска пошта за контакт,
- степен и видна стекнатото образование,
- години на работноискуство
- листа на проекти (какопреведувач),
- Кратка биографија.
Потребната документација кандидатот да ја достави на е-пошта до: irena.filipovska@cov.gov.mk
Со назнака: Преведувач – симултан превод англиски – македонски јазик за време на БИМ обуките за проект Пазарно ориентирани вештини за одржливо ефикасно енергетско градење, TRAINEE во рок од 5 дена од денот на објавување на огласот.
Некомплетирани и ненавремени доставени документи нема да бидат земени во постапна за одлучување.
Публикуван на: 29.01.2020 година
Прием на апликации до: 02.02.2020 година