Përshkrimi I programës
АДОРА Инженеринг ДООЕЛ експорт – импорт Скопје
+38923093200 072 204 022 proekti@adora.com.mk info@adora.com.mk Орце Николов – 182А, 1000 Скопје
Програма за Оператор за информациско моделирање на градби (BIM) е дизајнирана програма за обука и поддршка на претпријатијата за воведување на работи во кои се употребуваат нови технологии на работните места, како и воведување на дигитални иновации. Програмата ќе им овозможи на учесниците да се стекнат со алатка за дигитално претставување на градба и нејзините карактеристики во целиот свој животен циклус, како и размена на информации помеѓу софтверски апликации што се користат во градежната индустрија. Во програмата ќе бидат вклучени учесници со професионално искуство со цел да ги подобрат применливите знаења и дигиталните вештини, со посебен фокус на одржливи методи и техники на градење и подобрувањето на енергетската ефикасност во целиот животен циклус на зградите, вклучувајќи го и одржувањето на зградите.
Програмата ќе се реализира преку теоретски часови кои можат да се изведуваат преку онлајн настава или со физичко присуство на учесниците и практични часови преку кои учесниците ќе се стекнат со вештини за примена на софтверот за информациско моделирање на градби. Програмата е развиена врз основа на принципите на обуката за возрасни, со користење на методи и техники кои помагаат за развој на нови знаења и резултатите на постигнувањата на учесниците ќе бидат оценувани во текот на следењето на модулите, по завршувањето на секој модул, како и на крајот од процесот на обука и ќе се базираат на јасни поставени критериуми, кои гарантираат дека учесниците ќе ги стекнат потребните знаења, вештини и ставови. Оценувањето за секој модул ќе се спроведе со комбинација на пишан, устен и практичен дел. Клучно во обуката е активно учество во обуката на сите учесници. Процесот на обука ќе биде адаптиран согласно специфичните потреби на секој учесник во обуката.
Rezultatet e programës
Kriteret për hyrje në programë
- Завршено четиригодишно средно стручно образование од областите архитектура и градежништво,
- Завршено високо образование од областите архитектура и градежништво,
- Работно познавање и говорење на англиски јазик,
Kohëzgjatja e programës
Kohëzgjatja e programës | Numri I përgjithshëm I orëve | Treguar në përqindje |
---|---|---|
Teori | 65 | 86400 |
Praktikë | 135 | 86400 |
Vlerësim | 86400 | 86400 |
Numri I përgjithshëm I orëve | 200 |