Përshkrimi I programës

Sorry, the content of this page is available only in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Главната цел на програмата е кандидатите да се стекнат со знаење, вештини и компетенции за работа со гипс-картонски елементи. Учесниците во теоретскиот дел ќе бидат запознаени со различните системи на изведби со гипс картонски плочи  како и начините на изведба на тавани и ѕидови. Голем дел од програмата е практична настава преку која учесниците во реални услови ќе ги извршуваат зададените задачи.

 На крајот на успешно реализираната обука кандидатите ќе се стекнат со сертификат за работна оспособеност за гипсер-монтер.  Во програмата ќе се вклучат кандидати со завршено основно образование.

Обуката ќе се состои од два дела, теоретски предавања и практична работа, во траење од 250 училишни часа.

Rezultatet e programës

(Mk) По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да:
  • познава потребните суровини, градежните и помошните материјали;
  • препознава различни типови на ГКП;
  • прима, класифицира и складира материјалите за работа;
  • ги применува прописите за заштита при работа;
  • утврдува места како можни извори за опасност при сувата градба;
  • применува мерките за заштита при работа.
  • распознава конструктивни системи, елементи во зградите и конструктивни системи;
  • разликува конструктивни елементи;
  • препознава видиви столбови и начинот на изведба;
  • опишува карактеристики на ѕидовите;
  • распознава носиви и неносиви ѕидови;
  • дефинира хоризонтални конструктивни елементи;
  • разликува видови покриви според наклонот, обликот и материјалот;
  • употребува и одржува алат, прибор и електричен алат за сува градба;
  • обработува ГКБ и ги подготвува површините за обработка;
  • меша лепаци, смеси за фугирање и глетување;
  • лепи ГКБ на ѕидови (суво малтерисување);
  • обложува ѕидани и бетонски ѕидови и тавани со лепење на гипскартонски плочи (суво малтерисување) и со метална потконст­рук­ција;
  • обложува со гипскар­тон­­ски плочи на метална потконструкција;
  • монтира преградни ѕидови и спуштени тавани со метална потконструкција;
  • организира работа во работилница и на градилиште;
  • чита едноставни изведувачки цртежи, скици, проекти и опис на работите од областа на занимањето;
  • изработува едноставни модели и шаблони;
  • специфицира прибор, алат и специјални апарати за размерување и обележување;
  • пресметува потребни количини на материјал за изведба на монтерските работи.

Kriteret për hyrje në programë

(Mk) Завршено основно или средно образование (гимназиско или средно стручно образование). Кандидатите треба да бидат постари од 17 години.

Kohëzgjatja e programës

Kohëzgjatja e programës Numri I përgjithshëm I orëve Treguar në përqindje
Teori 75 30
Praktikë 165 66
Vlerësim 10 4
Numri I përgjithshëm I orëve 250
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support