Përshkrimi I programës

Sorry, the content of this page is available only in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники  за поправка на подлогата за поплочување, нанесување нова подлога и поплочување на подови и ѕидови и други елементи со керамички  плочки,  како и правилоно користење на опремата и алатот за работа.

 

Времетраењето на програмата е 250 часа од кои 50 часа теоретска обука, 185 часа се практична обука во соодветна работилница и 15 часа се наменети за оценување. Теоретскиот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно во договор со учесниците, а практичниот дел ќе се изведува од понеделник до петок. Теоретската обука се одвива во специјализирани простории во училиштето и неа ја изведува наставник, а практичната обука се спроведува во училишна работилница и градежен објект, под менторство на наставник и специјалист (инструктор) за плочкарски работи.

Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку проверка на знаење  за теоретската обука. По завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се проверат стекнатите вештини и компетенции. По успешно завршување на програмата учесниците се стекнуваат со сертификат „Плочкар за керамички плочки“.

Rezultatet e programës

(Mk) По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да:
  • самостојно ја организира својата работа;
  • рационално користи енергија, алат и време;
  • применува прописи за добра градежна и добра хигиенска практика;
  • применува прописи и опрема за заштита при работа;
  • правилно користи, одржува и чува алат и опрема за поставување на керамички плочки;
  • применува прописи за добра и квалитетна изведба;
  • применува прописи за квалитет на материјалите и нивно користење;
  • применува технолошки постапки за поставување на нови керамички плочки и целосно или делумно заменување на оштетени керамички плочки;
пополнува задолжителна техничка документација  точно и разбирливо.

Kriteret për hyrje në programë

(Mk)
  • минимум основно образование,
возраст од најмалку 17 години,

Kohëzgjatja e programës

Kohëzgjatja e programës Numri I përgjithshëm I orëve Treguar në përqindje
Teori 50 20
Praktikë 185 74
Vlerësim 15 6
Numri I përgjithshëm I orëve 250
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support