Përshkrimi I programës
Основна цел на програмата е да се оспособат лица над 15 години да подготвуваат слаткарски производи. Програмата е предвидена за сите кои имаат желба да се занимаваат со ова занимање на професионален начин. Истата овозможува работно оспособување за подготвување на слаткарски производи. Програмата е во времетраење од три месеци или 300 часа, каде се опфаќаат стручни и теоретски содржини кои ќе се реализираат во училниците на универзитетот и во слаткарски работилници.
Во однос на структурата на реализација на програмата истата ќе биде организирана со изведување на теоретскиот дел по што ќе следува тест за проверка на стекнатите знаења. Исто така преку примена на формативно оценување во текот на реализација на секоја тема ќе следи усмено проверување на знаењата на кандидатите. Во текот на реализација на програмата ќе се води портфолио за секој кандидат и исто така ќе се вреднуваат изработките кои ќе ги содржи портфолиото.
Стекнувањето на теоретска основа и позитивна оценка ќе биде предуслов за започнување на реализацијата на практичниот дел од обуката. Практичната обука ќе се реализира во слаткарски работилници. Притоа активностите ќе бидат следени од искусен слаткар кој редоследно во зависност од сложеноста на задачите ќе ги вклучува кандидатите во практични активности.
Програмата ќе биде реализирана од страна на наставници согласно нормативот за наставен кадар и слаткар со работно искуство.
Со оваа програма учесниците ќе се оспособат да работат како подготвувачи на слаткарски производи и со тоа ќе се оспособат да ја подготвуваат и организираат својата работа, да приготвуваат различни видови теста, да печат печива и слатки од различни видови теста, да приготвуваат преливи, сладолед, различни видови на кремови, глазури, да изработуваат и моделираат производи од шеќер, да произведуваат чоколадни производи, да работат во согласност со прописите и нормативите за заштита на работната средина и околина, да ги познаваат правата за работен однос и можноста за отварање и водење на сопствен бизнис, да комуницираат со клиенти и со работници.
По успешно завршување на образовната програма, учесниците ќе се стекнат со Сертификат за Подготвувач на слаткарски производи
Rezultatet e programës
- приготвува различни видови на теста и маси,
- пече слатки и печива,
- приготвува полнила и филови, глазури и премази, десерти и национални десерти,
- моделира и изработува производи од шеќер,
- произведува чоколадни производи, различни видови сладолед,
- работи во согласност со нормативите
- гарантира за квалитетот на работата и услугите,
- ги познава правата на работен однос и
Kriteret për hyrje në programë
Kohëzgjatja e programës
Kohëzgjatja e programës | Numri I përgjithshëm I orëve | Treguar në përqindje |
---|---|---|
Teori | 65 | 22 |
Praktikë | 215 | 72 |
Vlerësim | 20 | 6 |
Numri I përgjithshëm I orëve | 300 |