Përshkrimi I programës
Главна цел на програмата „Ракувач со CNC машина“ е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за правилно и безбедно управување со повеќе различни видови на СNС машини, безбедно и правилно користење на опремата при изработката на различните делови, склпови и потсклопови, почитување на безбедноста и користење на зачтитна опрема при работа со СNС машини.
Учесникот во програмата ќе стекне вештини и знаења, односно ќе биде способен за:
- Планирање и организирање работа, самостојно и во тим
- Подготвување на услови за работа
- Ракување со управувачка единица на CNC машина
- Ракување со машински управувачки панел од управувачката единица
- Управување со ЦНЦ-струг
- Управување со ЦНЦ-глодалка
- жСледење и контролирање на работењето на машината за обработка и по потреба интервенирање во производниот процес
- Означување на полупроизводи и производи
- Работење според пазарните законитости
- Водење работна документација
- Обезбедување квалитетни услуги и извршени работи
- Користење стручна литература и упатства за квалитетно извршување на работата
- Проверување, приспособување и одржување на опремата, машините, уредите и средствата што се користат во работата
- Комуницирање со соработниците и клиентите, со почитување на деловните принципи
- Применување на мерки за лична заштита
- Применување на мерки за заштита на околината
Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука да им овозможи на учесниците да се стекнат со сертификат „Ракувач со CNC машина“.
Времетраењето на програмата е 200 часа од кои 60 часа теоретска обука, 140 часа се практична обука во реални работни услови.
Теоретскиот и практичниот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно, со однапред договорена динамика со учесниците во програмата. Теоретската обука ќе се одвива во просториите на Отворениот граѓански универзитет под менторство на обучувач, а практичната обука ќе се реализира во компании преку вежби. За време на практичната обука на учесниците ќе им биде доделен ментор, вработен во компанијата.
Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на секој модул преку усна и писмена проверка, после целосна реализација на сите тематски целини преку проверка на знаење со цел споредба на знаењето, пред и после теоретската обука. По завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се проверуваат стекнатите вештини и компетенции.
По успешно завршена практична задача на крајот од обуката, учесниците се стекнуваат со сертификат за работна оспособеност „Ракувач со CNC машина“.
Rezultatet e programës
Kriteret për hyrje në programë
Kohëzgjatja e programës
Kohëzgjatja e programës | Numri I përgjithshëm I orëve | Treguar në përqindje |
---|---|---|
Teori | 60 | 30 |
Praktikë | 140 | 70 |
Vlerësim | ||
Numri I përgjithshëm I orëve | 200 |