Përshkrimi I programës
Основна цел на програмата е да се оспособат лица над 15 годишна возраст да изведуваат фризерски услуги. Програмата е предвидена за сите кои имаат желба да се занимаваат со ова занимање на професионален начин, односно сакаат да се појават или веќе се на пазарот на труд со афинитети кон фризерството. Истата овозможува работно оспособување за изведување на фризерски услуги. По успешното завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да ја подготвува и ја организира сопствената работа, да комуницира со клиентите и соработниците, да изведува различни видови фризерски услуги.
Теоретската настава и писмените проверки на знаења ќе се реализираат во ОГУДУ „Гостивар“, Гостивар, додека практичниот дел и практичните проверки на знаења ќе се спроведуваат во фризерски салони.
Програмата е со времетраење од 260 часа и опфаќа 52 часа стручно теоретски содржини кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак се изведува во фризерски работилници со претходно склучен договор за соработка и опфаќа 182 часа. 26 часа се предвидени за оценување и проценка на стекнатите компетенции.
Програмата ќе биде реализирана преку девет тематски целини. По секоја тематска целина и тековно ќе се врши проверка на стекнатите знаења и вештини преку писмен тест и практична демонстрација. По завршувањето на програмата ќе биде спроведен завршен испит пред тричлена комисија, по чие успешно полагање се издава сертификат за работно оспособување за занимањето Фризер за жени и мажи.
Во текот на реализација на програмата ќе се води портфолио за секој кандидат со цел следење на напредокот на кандидатите. Стекнувањето на теоретска основа и позитивна оценка ќе биде предуслов за започнување на реализацијата на практичниот дел од обуката.
Rezultatet e programës
Kriteret për hyrje në programë
Kohëzgjatja e programës
Kohëzgjatja e programës | Numri I përgjithshëm I orëve | Treguar në përqindje |
---|---|---|
Teori | 52 | 86400 |
Praktikë | 182 | 86400 |
Vlerësim | 26 | 86400 |
Numri I përgjithshëm I orëve | 86400 |