Përshkrimi I programës
Посебната програма за образование на возрасните е наменета за лица постари од 18 години со завршено основно образование. Преку програмата учесниците ќе стекнат знаења, вештини и компетенции неопходни за извршување на занимањето „ѕидар“ од секторот градежништво и геодезија.
Со успешно совладување на програмата учесникот ќе стекне теоретски знаења и практични вештини за да може да користи тули и блокови, структурни плочки, камења за градење патеки, огради, ѕидови, згради и други структури, како и да поправа постари градби, да ги следи и работи според прописите за здравје и безбедност при работа и да комуницира со соработниците и претпоставените.
Програмата се состои од 200 часови од кои 50 за стекнување на теоретски знаења и 150 за стекнување на практични вештини. Од вкупниот број начасови 10 часови ќе бидат наменети за оценување на учесниците кои ќе се реализираат во текот на програмата.
Теоретската настава ќе се реализира во училница опремена со соодветен наставен инвентар. Практичната настава ќе се реализира во кабинет или на терен при тоа ќе се врши демонстрирање на процесот на ѕидање и практична работа од страна научесниците.
Оценувањето на добиените знаења и вештини ќе се врши преку испит, кој ќе се спроведе по завршување на програмата а ќе се состои од теоретски и практичен дел. Теоретскиот дел од испитот се состои од тест. Практичниот дел подразбира практична проверка на стекнатите знаења.
Програмата ја реализира тим од искусни инженери од областа на градежништвото и квалификувани ѕидари со најмалку 5 годишно работно искуство.
По успешно завршување на програмата, на учесниците ќе им се додели сертификат за Ѕидар.
Телефонски број: | 02 3 163 413 |
Е-маил: | ruracin1@t.mk |
Rezultatet e programës
Kriteret për hyrje në programë
Kohëzgjatja e programës
Kohëzgjatja e programës | Numri I përgjithshëm I orëve | Treguar në përqindje |
---|---|---|
Teori | 50 | |
Praktikë | 150 | |
Vlerësim | ||
Numri I përgjithshëm I orëve | 200 |