Përshkrimi I programës
Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники при сервисирање и одржување на современите автомобилски мотори и правилно користење на опремата и алатот.
Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат „Автомеханичар за современи системи кај моторните возила“.
Времетраењето на програмата е 264 часа од кои 56 часа теоретска обука, 182 часа се практична обука во реални работни услови и 26 часа се наменети за оценувањето. Теоретскиот и практичниот дел од програмата ќе се изведуваат од понеделник до петок. Теоретската обука се одвива во специјализирани простории во рамките на компанијата под менторство на професор наставник а практичната обука во рамките на компанија за време на која на учесниците ќе им биде доделен обучувач вработен во компанијата.
Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку проверка на знаење со тест после теоретската обука а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се дефинираат стекнатите вештини и компетенции. По успешно положен завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат „Автомеханичар за современи системи кај моторните возила“.
Rezultatet e programës
Kriteret për hyrje në programë
Kohëzgjatja e programës
Kohëzgjatja e programës | Numri I përgjithshëm I orëve | Treguar në përqindje |
---|---|---|
Teori | 56 | 21 |
Praktikë | 182 | 69 |
Vlerësim | 86400 | 10 |
Numri I përgjithshëm I orëve | 264 |