Përshkrimi I programës
Главна цел на програмата е учесникот да се стекне со основни познавања од англискиот јазик, при што ќе може да го разбира и активно да го користи говорниот и пишаниот англиски на ниво А1.1 според Заедничката европска референтна рамка за јазици. Со помош на стекнатото знаење на англискиот јазик на учесниците во програмата ќе им се олесни секојдневната комуникација на англиски јазик и ќе имаат поголема можност за вработување.
Начинот на реализација на програмата е да им овозможи на учесниците да се стекнат со основни знаења на англискиот јазик за да можат да разберат едноставен говор и текст, да можат да постават едноставни прашања и да одговорат на истите, да можат да опишат предмети, луѓе, да зборуваат за секојдневни искуства, како и да можат да напишат кратки реченици и краток едноставен текст.
Времетраењето на програмата е 72 часа кои се комбинација од теоретски и практичен дел.
Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на секоја тематска целина преку усна и писмена проверка, после целосна реализација на сите тематски целини преку проверка на целокупното знаење.
Rezultatet e programës
- Разбира едноставни упатства и да биде способен самостојно да даде упатства користејќи кратки реченици;
- Разбира броеви, да умее да праша за цена и да го каже времето;
- Прочита кратки натписи и текстови во весници или списанија;
- Прочита и напише кратки пораки за пријателите и фамилијата;
- Се претстави и запознае со некого;
- Разговара за секојдневни теми;
- Направи секојдневни набавки во продавница;
- Опише местото на живеење;
- Пишува едноставна честитка или картичка;
Kriteret për hyrje në programë
Kohëzgjatja e programës
Kohëzgjatja e programës | Numri I përgjithshëm I orëve | Treguar në përqindje |
---|---|---|
Teori | 8 | 11 |
Praktikë | 60 | 83 |
Vlerësim | 4 | 6 |
Numri I përgjithshëm I orëve | 72 |