Përshkrimi I programës
Курсот по англиски јазик, A1 ниво, овозможува кандидатите да се оспособат да употребуваат секојдневни изрази и фрази. Учебникот New English File (elementary) се состои од 9 тематски единици од кои првите пет се предвидени во курикулумот за А1 ниво и истите ќе се изучуваат во оваа програма. Секоја од темите е поделена на граматички дел, вокабулар, јазични вештини (зборување, читање, слушање и пишување), секојдневен англиски јазик или употреба на јазикот. Граматика: Кандидатот ќе се запознае со основните граматички поими бидејќи New English File (elementary 1-5) нуди основно и интензивно изучување на сегашно и минато време. Во оваа ниво се изучуваат: TO BE, HAVE GOT, Аrticles, Possessive Adjectives, Questions, Present Simple, Present Continuous, Modals (can, could-ability and functional), Past Simple (TO BE), и Past Simple. Вокабулар: Вокабуларот кој се изучува со оваа програма опфаќа: броеви, националности и земји, лични информации и податоци, основни глаголи, бои, секојдневна рутина, слободни активности, музика, издрази за минато време. Јазични вештини: Кандидатите почнуваат со разработка на кратки текстови, кои се усложнуваат како што напредува програмата. Текстовите кои се обработуваат ги охрабруваат кандидатите да преознаваат основни фрази и изрази. Исто така, канидатите учат да пишуваат кратки печеници, потполнуваат формулари и прашалници, опишуваат личности, и да пишуваат крати писма. Активности на слушање на ова ниво опфаќаат: кратки инструкции, слушање за броеви, кратки инструкции, опис на лица, договори за одреден ден или датум и навики и рутини. Слушателот се здобива со вештини за слушање и истовремено разбирање на пораката како и следење на инструкциите. Канидатот ќе одговара, заокружува, пополнува, и надополнува прашања повразани со слушантото. Исто така, ќе ги слушне и научи основните издрази како да се снаоѓа во хотел, кафуле, авион, и во продавница за подароци. Слушателите почнуваат да зборуваат основни фрази, за себе и своето семејство. Кадидатот ќе научи да зборува и разбира секојдневни изрази што служат за задоволување на едноставни и конкретни потреби.
Во реализација на програмата ќе се применуваат: • наставни методи(монолошка, илустративна,дијалошка, дискусија, разговор, презентација), • наставни техники(сложувалка, играње на улоги, бура на идеи, итн.) кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за време на траење на курсот. • Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата во текот на целиот курс, усно, писмено, и на завршниот испит. Наставата ќе се одвива во предавална со потребната опрема според норматив за простор и наставни средства и помагала (ИКТ, табла, учебник, наставни ливчиња, материјали подготвени од наставник). Наставата ќе ја изведува: дипломиран професор, со завршени студии по англиски јазик, наставна насока. Времетраењето на курсот е 32 часа (еден час е во трање од 90 минути) од кои за нов наставен материјал се предвидени 19часа ,за вежби и тематски тестови 12часа и 1 час е предвиден за завршен тест со кој се утврдува севкупно постигнато знаење и тоа: разбирање(слушање и читање), пишување, зборување (интерактивен и продуктивен говор), според заедничка европска рамка. Кандитатот кој успешно ќе го заврши курсот се здобива со уверение, според заедничка европска рамка. Програмата нуди можност за изучување на повисок степен.
Rezultatet e programës
Kriteret për hyrje në programë
Kohëzgjatja e programës
Kohëzgjatja e programës | Numri I përgjithshëm I orëve | Treguar në përqindje |
---|---|---|
Teori | 19 | 59 |
Praktikë | 12 | 38 |
Vlerësim | 1 | 3 |
Numri I përgjithshëm I orëve | 32 |