Përshkrimi I programës
Програмата овозможува работно оспособување за Готвач во угостителски објект и истата е со тримесечно времетраење, 320 часа и опфаќа стручно теоретски содржини кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак, се изведува во кујни од ресторани и хотели. По успешното завршување на програмата учесникот ќе се оспособи: да ја подготвува и организира работата; да комуницира со соработниците; да ја користи пропишаната работна облека; да ги составува листата на јадења и менијата за редовните и вонредните оброци; да приготвува ладни и топли предјадења, супи, чорби и потажи, основи, сосови и фондови, јадења од месо, риби, прилози, национални јадења, салати; да сервира, декорира и ги испорачува јадењата во соодветни садови; да ја води и ажурира евиденцијата за работата во кујната; да работи во согласност со нормативите и гарантира за квалитетот на работата и услугите; да ги извршува работите во согласност со прописите за заштита на работната средина и околината; да ги познава правата од работен однос и можностите за отворање и водење на сопствен бизнис.
По завршувањето на програмата учесникот полага завршен испит. За успешно завршување учесникот се стекнува со сертификат по верифицирана програма
Rezultatet e programës
- изведува работи и работни задачи Готвач во угостителски објект;
- комуницира со соработниците;
- составува листа на јадења и менија за редовни и вонредни оброци;
- приготвува различни видови ладни и топли предјадења, супи, чорби и потажи, основи, сосови и фондови, јадења од месо, риби со прилози, национални јадења, салати;
- сервира, декорира и испорачува јадењата во соодветни садови;
- води и ажурира евиденција за работата во кујната;
- работи во согласност со нормативите и гарантира за квалитетот на работата и услугите, прописите за заштита на работа;
- ги познава правата од работен однос.
Kriteret për hyrje në programë
Kohëzgjatja e programës
Kohëzgjatja e programës | Numri I përgjithshëm I orëve | Treguar në përqindje |
---|---|---|
Teori | 64 | 20 |
Praktikë | 224 | 70 |
Vlerësim | 32 | 10 |
Numri I përgjithshëm I orëve | 320 |