Përshkrimi I programës
Програмата “Готвач во угостителски објект” е насочена кон стручно оспособување на кандидатите од областа на угостителството поточно од областа на готварството. Стекнатите знаења и вештини ќе им помогнат на кандидатите полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот во организација и реализација на технолошкиот процес на готвење.
Во реализација на обуката ќе се применуваат современи наставни методи, вербални (усно изложување, разговор), визуелни (демонстрирање), практични методи(пракса- вежби) кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката. Во тек на обуката ќе се применуваат наставни средства и помагала кои се дефинирани во точка 23 (опрема и наставни помагала).
Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно-излагање, писмено-тестови на знаења на определени тематски целини и сегменти ипракса- вежби.
Структурата на програмата за “Готвач во угостителски објект” е следна:
- теорискиот дел,
- пракса и
- проверка на постигањата на кандидатите (оценување).
- Теорискиот дел од обуката ќе се реализира во простории опремени со компјутери, интернет, аудио и видео опрема и сл. Теоретскиот дел од обуката ќе го реализираат обучувачи со завршено високо образование, VII/1 степен, наставник со завршени студии по туризам и угостителство
- Практичниот дел од обуката ќе се реализира во современо опремени угостителски објекти, а со кандидатите ќе работат професори ментори со повеќегодишно работно искуство.
- Третиот дел од програмата за готвач во угостителски објект е проверка на постигањата на кандидатите или оценувањето.
Кандидатот кој успешно ќе ја заврши обуката се здобива со сертификат за Готвач во угостителски објект.
Времетраењето на програмата е 3 месеци или 12 недели или 200 часа.
Програмата нуди можност за напредување на повисоки нивоа-курсеви за угостителски работници.
Rezultatet e programës
- познава и разликува поим кујна и видови кујни
- препознава процеси за приготвување на јадењата
- објаснува карактеристики на кујната
- објаснува карактеристики и презентира производи од растително и животинско потекло кои се користат во кујните.
- разликува видови инвентар во кујната
- применува видови јадења за свечени приеми, коктел партии, шведски маси
- применува и приготвува јадења за ала-карт работење во ресторанот
- развива навики за работа и работно време во ресторан
- опишува начинот на подготовка на фондовите и сосовите
- опишува начинот на подготовка на супи и додатоци за супа и фондовите и сосовите.
- опишува готвени јадења, јадења по порачка и печења
- опишува едноставни ладни и топли предјадења.
- опишува видови ладни и топли предјадења.
- презентира и опишува видови сирења
- опишува десерти и пецива
- развива хигиенски навики и ги координира со кујната
- развива работни навики и позитивни ставови кон угостителско-туристичката дејност.
Kriteret për hyrje në programë
Kohëzgjatja e programës
Kohëzgjatja e programës | Numri I përgjithshëm I orëve | Treguar në përqindje |
---|---|---|
Teori | 45 | 30 |
Praktikë | 135 | 60 |
Vlerësim | 20 | 10 |
Numri I përgjithshëm I orëve | 200 |