Përshkrimi I programës
Главна цел на програмата е да се изврши преквалификација на кадар. Имено преку соодветна обука учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники за приготвување храна во угостителските објекти, како и правилно користење на опремата и инвентарот на работното место.
Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат „Готвач во угостителски објект “.
Времетраењето на програмата е 360 часа од кои 72 часа теоретска обука, 252 часа се практична обука во реални работни услови и 36 часа (да се усогласи со точка 14) се наменети за оценувањето. Теоретскиот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно во договор со учесниците а практичниот дел ќе се изведува во текот на целата недела. Теоретската обука се одвива во специјализирани простории во рамките на компанијата под менторство на професор а практичната обука во рамките на компанија за време на која на учесниците ќе им биде доделен ментор вработен во компанијата.
Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку проверка на знаење со цел споредба на знаењето пред и после теоретската обука а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се дефинираат стекнатите вештини и компетенции. По успешно положен завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат „Готвач во угостителски објект “.
Програмата нуди можност за напредување на повисоки нивоа-курсеви за Напреден курс и Специјализиран курс.
Rezultatet e programës
- ја организира својата работа ;
- комуницира со соработниците,применувајќи ги принципите на работна култура ;
- ги почитува мерките за рационално користење струја, плин , материјал и време;
- применува прописи за добра производна и добра хигиенска пракса (НАССР);
- применува прописи за заштита при работа;
- применува прописи за квалитет на влезните суровини и начин на одржување на истите;
- разликува технолошки постапки за приготвување на одделни видови готварски производи;
- приготвува : ладни и топли предјањења,супи ,јадења од месо, риби,прилози и салати;
- применува режим на чување, складирање, ладење и пакување на готовите производи;
- ги сервира,декорира и ги испорачува јадењата во соодветни садови;
Kriteret për hyrje në programë
Kohëzgjatja e programës
Kohëzgjatja e programës | Numri I përgjithshëm I orëve | Treguar në përqindje |
---|---|---|
Teori | 72 | 20 |
Praktikë | 252 | 70 |
Vlerësim | 36 | 10 |
Numri I përgjithshëm I orëve | 360 |