Përshkrimi I programës
Програмата ќе ги обучи, оцени и квалификува студентите за да се стекнат со потребното знаење, вештини и пристап потребен за извршување на операции за лична заштита.
Преку програмата на курсот студентите ќе се стекнат со стандардизирано знаење и вештини кои се користат во извршување на функцијата Офицер за Лична Заштита, кој може да работи сам како придружник на заштитуваното лице или како член на тим за заштита и под надзор на Тим Лидер.
Курсот се изведува во две фази, прва фаза е теоретски дел и втора фаза е практичен дел.
Првата фаза е намената за стекнување на теоретско знаење на сите основни и помошни предмети поврзани со изведување на операции за лична заштита. Во оваа фаза студентот ќе го проучува прирачникот на академијата “Офицер за Лична Заштита”.
По завршувањето на првата фаза студентот треба да изработи писмена задача преку која ќе го демонстрира своето знаење на предметите. Писмената задачата ќе се состои од планирање на една заштитна операција, работа на предходница и проценка на заканата.
Прва фаза предмети:
- Употреба на сила
- Стандардни оперативни постапки во извршување на операции за лична заштита
- Безбедносна свесност
- Психолошки одговор на стрес
- Непријателско тајно следење и набљудување
- Импровизирани експлозивни направи
- Концепт, техники и постапки на заштитни операции
- Тим за Лична Заштита
- Директна заштита
- Конвој
- Статичка заштита
- Проценка на ризик
- Оперативен план
- Претходница
- Координација
- Комуникација
- Напаѓачи (мотиви и цели)
- Типови на Заштитувани Личности
Втората фаза е фокусирана на знаењето, пристапот, индивидуалните и тимските вештини потребни за ефективно извршување на заштитни операции.
Вторта фаза трае 14 дена.
- Тактичка прва помош
- Крав Мага ( самоодбрана)
- Тактичка употреба на огнено оружје во заштитни операции
- Заштитни формации
- Анализа на рути
- Тактичко возење
- Конвој постапки и контрола
- Тајно пратење, следење и против-мерки
- Говор на тело
- Финална вежба-Реално Сценарио
Сите активности во вторта фаза се практични и ќе се оценува нивната компететност/некомпететност.
Практични сценарија се изведуваат за сите предмети и се оценуваат студентите за нивната компететност.
Само студентите кои ќе бидат оценети за компетентни ќе учествуваат во финаланата вежба.
Во текот на финалната вежба вештините на студентите ќе биде континуирано оценувани во извршувањето на тимска заштитна операција.
Студентите кои ќе бидат оценети за некомпетентни во два или повеќе предмети ќе мора да ја повторат вторта фазата во целост.
Студентите кои ќе бидат некомпететни во само еден предмет ќе добијат втора шанса во текот на курсот да ја поправат својата оценка. Втора шанса подразбира три дополнителни обиди (тест).
Критериумите за оценување ќе бидат јасно и целосно објаснети, студентите ќе се запознаат со начинот на оценување и ќе можат да поставуваат прашања за до-објаснување на критериумите за оценување на изведбата.
Студентите кои ќе отсуствуваат од практичниот дел на курсот од неоправдани причини или ќе манифестираат небезбедна работа со оружје ќе бидат веднаш отстранети од понатамошно учество на курсот.
Rezultatet e programës
Kriteret për hyrje në programë
Kohëzgjatja e programës
Kohëzgjatja e programës | Numri I përgjithshëm I orëve | Treguar në përqindje |
---|---|---|
Teori | 25 | 15 |
Praktikë | 140 | 82 |
Vlerësim | 5 | 3 |
Numri I përgjithshëm I orëve | 170 |