Përshkrimi I programës
Главна цел на програмата е учесниците да се стекнат со знаења, вештини и компетенции за послужување на храна и пијалоци во угостителски објекти, како и правилно користење на опремата и инвентарот. Покрај основните работни задачи, учесниците ќе се обучат и како да ги подготвуваат и расчистуваат површините за послужување на храна и пијалоци, да ги применуваат прописите за одржување на хигиена и заштита при работа и да ги почитуваат ХАССАП прописите.
Програмата ќе се реализира во времетраење од 180 часа.
Теоретскиот дел од обуката ќе се реализира во времетраење од 40 часа а учесниците ќе се стекнат со основни познавања за намирниците кои се користат во угостителските објекти, основите на хигиената, основи на послужување на храна и пијалоци, основи на странски јазик во струката и заштита при работа.
Практичниот дел од обуката ќе се реализира во времетраење од 120 часа и ќе се спроведува во угостителски објекти или соодветно опремени училници/кабинети.
Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку проверка на знаење а по завршувањето на практичната обука следи завршен испит преку кој ќе се дефинираат стекнатите вештини и компетенции. По успешно положен завршен испит учесниците ќе се стекнат со сертификат „Келнер во угостителски објект“. Програмата ќе се изведува неколку пати неделно во договор со учесниците на програмата.
Rezultatet e programës
- планира, подготвува и изведува работи во угостителските објекти;
- одржува хигиена на работно место, простор,прибор и опрема
- води дневна документација во угостителски објект
- организира и сервира ресторанска маса;
- користи опрема и инвентар потребен при послужувањето на јадењата и пијалаците;
- применува правила при послужување на специјални јадења;
- применува правила при послужување на различни видови дневни оброци;
- послужува јадења и пијалаци при банкетското послужување;
- применува правила за сервирање на маси за свадба;
- презентира гастрономски правила пред гостинот;
- познава винска карта, предложува соодветно вино и го послужува
- познава основни карактеристики на оброците од менито;
- применува правила на деловна комуникација во угостителството;
- применува основна комуникација на странски јазик
- пречекува, сместува и испраќа гости
- применува прописи за заштита при работа и заштита на животната средина;
Kriteret për hyrje në programë
Kohëzgjatja e programës
Kohëzgjatja e programës | Numri I përgjithshëm I orëve | Treguar në përqindje |
---|---|---|
Teori | 40 | 22 |
Praktikë | 120 | 67 |
Vlerësim | 20 | 11 |
Numri I përgjithshëm I orëve | 180 |