Përshkrimi I programës
Програма за „Конзервација на одржливо културно наследство од климатски промени” е специјално дизајнирана програма, наменета за доедукација на професионалци кои работат во областа на конзервација на недвижно културно налседство. Истата е развиена во склад со потребите на дополнително знаење за заштита на наедвижно културно наследство, нудејќи им на учесниците иновативни можности за учење и стекнување нови вештини.
Содржината на програмата е креирана според спроведените анализи и тоа:
- Анализа на потребите и предизвиците на конзерваторите, архитектите и инженерите
- Преглед на најновите и ефикасни програми за обука во Европа
- Проверка на европските стандарди за конзервација на културно наследство.
Обуката е организирана во шест модули.
Сите модули се фокусираат на развој на нови вештини во областа на конзервацијата на културно наследство, кои се од суштинско значење за заштита на културното наследство, и кои ќе им помогнат на професионалците да создадат одржливо културно наследство:
Тематски целини (модули):
- Одржлив развој и климатски промени,
- Климатски промени и културно наследство,
- Вреднување и разбирање на ризици на културно наследство,
- Културно наследство како извор на развој,
- Влијание на климатски промени врз недвижно културно наследство,
- Превентивни конзерваторски стратегии за време на климатски промени.
Обуката вклучува теоретски и практични часови преку кои учесниците ќе се стекнат со знаење и вештини од областа на Конзервација на одржливо културно наследство од климатски промени
Времетраењето на Програмата е 180 часови.
Секој предмет ќе биде реализиран со комбинирано учење, комбинација на е-учење и учење во училница и на терен, со пристап насочен кон учесникот. Програмата е развиена врз основа на принципите на обуката за возрасни, со користење на методи и техники кои помагаат за развој на нови знаења и вештини.
Динамиката на секој предмет се состои од три дела:
- Пред курсот – учесниците ќе се подготват за темата преку е-учење (видеа, презентации и читање);
- Главен дел – во училница и на терен, во текот на еден викенд, каде што учесниците ќе се вклучат со обучувачот и нивните врсници во работилница со различни интерактивни методи на обука, како и теренска активност;
- Пост-курс – учесниците ќе ги применат своите нови знаења и вештини со е-учење (индивидуални задачи и форуми).
Резултатите на постигнувањата на учесниците ќе бидат по завршувањето на секоја тематска целина, како и на крајот од процесот на обука и ќе се базираат на јасни поставени критериуми, кои гарантираат дека учесниците ќе ги стекнат потребните способности. Оценувањето за секој предмет ќе се спроведе со комбинација на пишан, усен и практичен дел.
Клучно во обуката е активно учество во обуката на сите учесници.
Процесот на обука ќе биде адаптиран согласно специфичните потреби на секој учесник.
Со успешно завршување на Програмата учесниците ќе се стекнат со сертификат за успешно завршена Програма за конзервација на одржливо културно наследство од климатски промени
Rezultatet e programës
Kriteret për hyrje në programë
Kohëzgjatja e programës
Kohëzgjatja e programës | Numri I përgjithshëm I orëve | Treguar në përqindje |
---|---|---|
Teori | 54 | 30 |
Praktikë | 108 | 60 |
Vlerësim | 18 | 10 |
Numri I përgjithshëm I orëve | 180 |