Përshkrimi I programës
Заеднички модули (теорија+пракса):
1. Агрохемија и исхрана на растенијата (6 часа + 4 часа) = 10 часа
2. Почва (6 часа + 4 часа) = 10 часа
3. Хранливи материи и вештачки ѓубрива (12 часа + 8 часа) = 20 часа
4. Органска матрија и органски ѓубрива (8 часа + 6 часа) = 14 часа
5. Ѓубрење на површини за органско производство (6 часа + 4 часа) = 10 часа
6. Машини за ѓубрење (6 часа + 4 часа) = 10 часа
7. Легислативa и Добра земјоделска пракса (ДЗП) (6 часа + 4 часа) = 10 часа
8. Обука на терен (пракса 32 часа) = 32 часа
* Технички модули:
9. Ѓубрење на поледелски култури (12 часа + 16 часа) = 28 часа
10. Ѓубрење на градинарски култури (10 часа + 12 часа) = 22 часа
11. Ѓубрење на лозови насади (12 часа + 16 часа) = 28 часа
12. Ѓубрење на овошни насади (10 часа + 12 часа) = 22 часа
Вкупно теоретски часови, практични часови и оценување (94 часа + 122 + 14 часа)= 230 часа
Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука да им овозможи на учесниците да се стекнат со сертификат НАНЕСУВАЧ НА ЃУБРИВА ВО ЗЕМЈОДЕЛСКО ПРОИЗВОДСТВО.
Времетраењето на програмата е 230 часа од кои 94 часа теоретска обука, 122 часа се практична обука во реални работни услови и 14 часа оценување. Теоретскиот и практичниот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно, однапред договорено со учесниците во програмата. Теоретската и практична обука ќе се врши во училници, а теренската практична обука на посебни површини.
Учесникот во обуката што ќе ги помине задолжителните модули и сите технички модули ќе има вкупно 230 часа обука и ќе добие сертификат за Нанесувач на ѓубрива во земјоделско производство.
Учесникот во обуката што ќе ги помине задолжителните модули и еден од техничките модули ќе има вкупно 138 до 144 часа обука и во зависност од техничкиот модул ќе се стекне со еден од следните парцијални сертификати:
– Нанесувач на ѓубрива во поледелско производство
– Нанесувач на ѓубрива во градинарско производство
– Нанесувач на ѓубрива во лозарско производство
– Нанесувач на ѓубрива во овоштарско производство
Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на секој модул преку усна и писмена проверка. При целосна реализација на сите модули проверката на знаење ќе се спроведе преку завршен испит со кој ќе се проверат стекнатите вештини и компетенции. На крајот од обуката, учесниците се стекнуваат или со парцијален сертификат (138 до 144 часа) или со целосен сертификат (230 часа) за работна оспособеност НАНЕСУВАЧ НА ЃУБРИВА ВО ЗЕМЈОДЕЛСКО ПРОИЗВОДСТВО.
Rezultatet e programës
Kriteret për hyrje në programë
Kohëzgjatja e programës
Kohëzgjatja e programës | Numri I përgjithshëm I orëve | Treguar në përqindje |
---|---|---|
Teori | 94 | 41 |
Praktikë | 122 | 53 |
Vlerësim | 14 | 6 |
Numri I përgjithshëm I orëve | 230 |